fbpx

Порталб: Секој четврти во земјава кој останал без работа е млад, младите без перспектива

Младите се едни од најранливите категории кога станува збор за работничките права. Стапката на невработеност кај младите во Северна Македонија е една од највисоките во Европа. Пазарот на труд денес бара повеќе вештини и прилагодување кон новите достигнувања, креативност, способност да се размислува на...

Шест нови случаи на ковид-19, нема оздравени, ниту починати лица

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а се регистрирани 6 нови случаи на ковид-19, по два во Скопје, Битола и во Кичево. Не се регистрирани починати лица, ниту оздравени пациенти. Според градови,...

Екстремни температури во Канада, од топлотниот бран од речиси 50 степени целзиусови, починале околу 500 лица

Опасен топлотен бран ги „пече“ северо-западните делови на САД и на Западна Канада, областите кои се повеќе синоними за студ. Температурите во изминатите денови достигнаа над 45 степени целзиусови, со екстремно топли ноќи меѓу нив, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Заклучно со синоќа, во Британска...

Пендаровски: Имаме обврска да носиме одлуки со кои жените и девојките ќе одлучуваат самостојно за своето тело

Унапредувањето на човековите права, вклучително и правата на жените, е предуслов за развојот на секое општество втемелено врз демократски принципи. Мојата земја е поддржувач на прогресивните политики за родова правда и затоа заложбите и обврските во однос на „Телесната автономија, сексуалното и репродуктивно здравје...

МЗ: Вчера се аплицирани 13.732 вакцини, прва доза примиле 11.299 граѓани

Вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација се зголемува, а досега 484.220 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk, соопшти Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 358.686 граѓани....

Порталб.мк: Албанија ќе ги заврши работите на „Патот на Арбер“, С.Македонија сè уште не почнала

На заедничкиот состанок на владите на Северна Македонија и на Албанија, водачите на двете соседни земји ветија дека ќе соработуваат во изградбата на „Патот на Арбер“. Инфраструктурниот развој на овој пат ќе донесе големи придобивки за економијата на двете земји, а истовремено ќе овозможи...

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и во средните училишта

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од понеделник, 5 јули, ќе започне вакцинација против ковид-19 на вработените во основните и во средните училишта во државава. „Овој процес на имунизација на наставниот и на ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура, го спроведуваме...

Повик за учество на студентите на 30-тата Летна школа по архитектура што ќе се одржи онлајн

Архитектонскиот факултет при УКИМ од 13 до 19 септември годинава ќе ја одржи 30-тата јубилејна Летна школа по архитектура, која што како и лани, ќе биде во онлајн формат и ќе го обработува регионот на Лазарополе. Настанот ќе биде предводен од словенечката архитектка и...

Данска донира 250.000 дози од вакцината „Астра Зенека“ за Македонија

Данската влада намени еден милион дози вакцина од производителот „Астра Зенека“ како донација за земјите од Западен Балкан. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово ќе добијат по 250.000 дози од вакцината „Астра Зенека“. Воедно, Данска ќе додели уште еден милион вакцини „Астра Зенека“...

МЗ: Во земјава ќе можат да се ревакцинираат и оние кои примиле вакцина во странство, од утре почнува пријавувањето

Министерството за здравство информира јавноста дека од утре 3 јули, заклучно со 10 јули, ќе биде во функција веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination. Таа ќе биде наменета за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале против ковид-19 во странство и сакаат да се ревакцинираат во...

Нови 11 случаи на ковид-19, оздравени четворица, а починато едно лице

Министерството за здравство информира дела согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19: Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1 Регистрирани се 4...

Најголемиот гејминг настан „MESA Summer Jam“ ќе се одржи овој викенд со физичко присуство

МЕСА Summer Jam
По финализирање на онлајн фазата која се одвиваше од вторникот до вчера, гејмин-настанот „MESA Summer Jam“ преминува во завршница со физичко присуство, извести Македонската еспорт асоцијација. Тимовите кои се изборија за позиција во онлајн делот од овој настан, утре со почеток во 11 часот и...

Мицкоски најави резолуција во Собранието за спорот со Бугарија, од СДСМ реагираат дека тоа е уште една блокада

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до Собранието резолуција во која ќе се дефинираат македонските позиции во преговорите со Бугарија, најави на денешната прес конференција, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Мицкоски очекува широка општествена поддршка за резолуцијата на која не требало да се гледа како резолуција на...

Пленарна сесија на „Преспа форумот“: Застојот со евроинтеграциите на С. Македонија и Албанија не е добар чекор

Претседателот Стево Пендаровски на пленарната сесија на тема: „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан“ во рамките на „Преспа форум за дијалог“ рече дека е време за ресетирање и напредок на земјите од Западен Балкан во делот на евроинтеграциите. „Конечниот резултат е дека Западниот Балкан,...

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е приоритет на словенечкото претседателство, истакнаа Пахор и Логар

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан е геополитичко прашање од највисок приоритет, истакна денеска претседателот на Република Словенија, Борут Пахор на маргините на Преспанскиот форум за дијалог. Тој порача дека од една страна, земјите од Западен Балкан треба да го забрзаат темпото...

ЕСМ: Северна Македонија прва земја од Западен Балкан што се обврза за напуштање на јагленот до 2030

Северна Македонија стана член на PPCA Алијансата (Powering Past Coal Alliance) за време на Лондонската недела за климатски акции. Заедно со Шпанија, до 2030 година, земјава се обврза да го напушти производството на електрична енергија од јаглен, соопштуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Одлуката...

МЗ: Вчера се аплицирани 14.615 вакцини, прва доза примиле 12.294

Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 12.294 граѓани, а во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340...

Хрватска донираше 10.000 вакцини од „АстраЗенека“, а одлучи да донира уште 20.000

Во нашата држава пристигнаа 10.000 вакцини на „АстраЗенека“ кои во текот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови ширум земјата, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата со хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман. Дополнително, истакна Филипче, хрватската Влада...

Рекорден негативен природен прираст – лани сме имале 6.724 повеќе починати од родени

Македонија лани забележала рекорден негативен природен прираст на населението како резултат на големиот број починати лица, но и на намалувањето на бројот на живородени деца. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), негативниот природен прираст изнесувал -6.724, така што во 2020 година сме...

Натпревар со датуми меѓу Џеф Безос и Ричард Бренсон за тоа кој прв ќе летне во вселената

Сопственикот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон има за цел да го победи неговиот колега - милијардер Џеф Безос реализирајќи лет во вселената за девет дена, јавува Гардијан. Компанијата на Бренсон вчера објави дека пробниот лет ќе се одржи на 11 јули и дека Бренсон...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...