Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дела согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19: Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од Скопје и Битола – по 2 . Пријавено е едно починато лице од Македонски Брод (43г) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.