Најголемиот гејминг настан „MESA Summer Jam“ ќе се одржи овој викенд со физичко присуство

МЕСА Summer Jam

По финализирање на онлајн фазата која се одвиваше од вторникот до вчера, гејмин-настанот „MESA Summer Jam“ преминува во завршница со физичко присуство, извести Македонската еспорт асоцијација.

Тимовите кои се изборија за позиција во онлајн делот од овој настан, утре со почеток во 11 часот и задутре со почеток во 10 часот ќе се натпреваруваат во две исклучително популарни видео игри и тоа „Counter Strike: Global Offensive“ како и „FIFA21“ во просториите на Infomedia Studio, Кисела Вода – улица 1520 бб.

„По подолга пауза предизвикана од ковид-19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат, со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство. „MESA Summer Jam“ е организиран согласно протоколите за превенција на ковид-19. Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports. Ги покануваме сите заинтересирани претставници на медиумите како ѝ пошироката јавност да го проследат „MESA Summer Jam“ во просториите на „Infomedia Studio“ во Кисела Вода, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите“, порача Македонската еспорт асоцијација.