fbpx

Хрватска донираше 10.000 вакцини од „АстраЗенека“, а одлучи да донира уште 20.000

-

Во нашата држава пристигнаа 10.000 вакцини на „АстраЗенека“ кои во текот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови ширум земјата, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата со хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман.

Дополнително, истакна Филипче, хрватската Влада на седница одлучила да донира уште 20.000 вакцини кои би биле или од производителот „АстраЗенека“ или „Модерна“, коишто за прв пат би стигнале во нашата држава.

Филипче очекува до вторник да бидат вакцинирани сите пријавени освен во Скопје, Тетово и Битола, а до петок следната недела веќе да бидат вакцинирани 500.000 граѓани.

Тој смета дека таа бројка не е доволна, и оттука упати апел граѓаните да се вакцинираат, а ќе следат и кампањи преку Делегацијата на ЕУ и Владата. Теренската вакцинација, според информациите од министерот за здравство, на некои места веќе е започната, а ќе се интензивира во следниот период.

Во однос на рестриктивните мерки, Филипче рече дека најверојатно нема да има воведување, или евентуално ако се донесе одредена одлука, тоа ќе биде штитење на границите со воведување на тестови. Ќе се проценува ризикот и дали навистина може да се заштитиме од новиот делта сој.

За делта сојот на корона вирусот, Комисијата за заразни болести ќе расправа во понеделник, поради фактот што тој се шири низ Европа, а веќе е стигнат и во соседството.

На новинарско прашање за вакцинирање на доилките и трудниците, Филипче рече дека се препорачува „Фајзер“, иако нема никакви други контраиндикации, и од другите вакцини.

Хрватскиот министер Грлиќ Радман истакна дека Хрватска е подготвена да се солидаризира и да помогне на најблиските соседи, за целиот процес во борбата против ковид-19 да биде поуспешен.

Според Грлиќ Радман, Хрватска и понатаму во рамките на Европската унија ќе продолжи да ја истакнува важноста од редовна испорака на вакцини кон земјите од Југоисточна Европа. Тој рече дека во Хрватска следат сè што се случува со делта сојот на ковид-19, бидејќи се туристичка дестинација и посакуваат туристите да се чувствуваат сигурно. Оттука, тие биле и помеѓу првите држави кои го поддржале воведувањето на дигитален зелен сертификат.

Грлиќ Радман потенцираше дека вакцинацијата е излез од ковид-кризата, заедно со придржување на мерките и постепено отворање на границите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...