fbpx

Екстремни температури во Канада, од топлотниот бран од речиси 50 степени целзиусови, починале околу 500 лица

-

Опасен топлотен бран ги „пече“ северо-западните делови на САД и на Западна Канада, областите кои се повеќе синоними за студ. Температурите во изминатите денови достигнаа над 45 степени целзиусови, со екстремно топли ноќи меѓу нив, објави Светската метеоролошка организација (СМО).
Заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари, од кои девет предизвикаа сериозна загриженост, потврдија надлежните противпожарни служби. Властите објавија дека е зголемен бројот на смртни случаи поврзани со топлотниот бран, околу 500 лица.

„Овој невиден настан предизвика многу жртви и има повеќе големи влијанија: топлински стрес кај луѓето, животните и вегетацијата, намалување на квалитетот на воздухот (загаденост како резултат на топлиот воздух), ризик од шумски пожари, можност за лизгање на земјиштето предизвикано од топење на глечерот во планините, оштетувања и неправилно функционирање на инфраструктурните и транспортните системи кои не се подготвени за толку високи температури и многу други социјални и економски ризици“, соопшти СМО.

Националните и локалните метеоролошки служби издадоа низа предупредувања и совети за топлина за да се ограничи бројот на жртвите.

На 1 јули пожар го уништи селото Литон во Британска Колумбија, кое забележа температура од 49,6 степени целзиусови, што е рекорд во Канада. Селото беше зафатено од шумски пожар, уништувајќи ги скоро сите негови структури и принудувајќи да се евакуира целото население.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...