Рекорден негативен природен прираст – лани сме имале 6.724 повеќе починати од родени

-

Македонија лани забележала рекорден негативен природен прираст на населението како резултат на големиот број починати лица, но и на намалувањето на бројот на живородени деца. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), негативниот природен прираст изнесувал -6.724, така што во 2020 година сме имале 19.031 новороденчиња, додека бројот на починати лица се искачил на 25.755.

Притоа, статистичките податоци покажуваат дека само во Скопскиот Регион се бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст. Во градските подрачја, природниот прираст е негативен и изнесува -4.690 лица, додека во селските подрачја негативниот природен прираст изнесувал -2 034 лица.

Во градските подрачја во земјава лани биле живородени 11.258 деца или 59,2 отсто од вкупниот број на живородените деца, додека 7.773 или 40,8 отсто деца се живородени во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,8 отсто, а најмало Источниот Регион со 6,1 отсто. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години, а 28,4 години во селските подрачја.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,1 година, а во селските подрачја 25,9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2,2 години.

Во градските подрачја лани умреле 15.948 лица или 61,9 отсто, а 9.807 лица или 38,1 отсто умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28,5 отсто, а најмало Вардарскиот Регион со 8,1 отсто. Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73,1 година, а во селските 73,6 години.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37,6 отсто имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8,7 отсто.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 50,9 отсто, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54,2 отсто.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 785 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -129 лица.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...