fbpx

МЗ: Вчера се аплицирани 13.732 вакцини, прва доза примиле 11.299 граѓани

-

Вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација се зголемува, а досега 484.220 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 358.686 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.299, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 13.732 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 586.537 дози вакцини, а ревакцинирани се 227.851 граѓани.

Со последните бројки, барем прва доза вакцина примиле 53 отсто од населението над 70 години, 50 отсто од над 65 години и 45 отсто од лицата над 60 години.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а и вработени во критична инфраструктура. Вакцинацијата се одвива во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.