fbpx

Порталб.мк: Албанија ќе ги заврши работите на „Патот на Арбер“, С.Македонија сè уште не почнала

-

На заедничкиот состанок на владите на Северна Македонија и на Албанија, водачите на двете соседни земји ветија дека ќе соработуваат во изградбата на „Патот на Арбер“. Инфраструктурниот развој на овој пат ќе донесе големи придобивки за економијата на двете земји, а истовремено ќе овозможи брз и безбеден пристап на РСМ до пристаништата на Албанија. Меѓутоа, додека во Албанија работите на овој пат се при крај, во Северна Македонија тукушто започна планирањето, пишува Порталб.мк.
„Ќе преземеме активности за усогласување со Македонија за „Патот на Арбер“. Сегментот Булќиза-Блато е завршен. Овој пат ќе донесе големи придобивки за економијата на двете земји. Ќе овозможи излез на Македонија во нашите пристаништа. Уверени сме дека разбирањето за стратешкото значење на оваа оска е целосно, и во поглед на пораката за зајакнување на темелите на соживотот меѓу Албанците и Македонците. Но, ова не може да се замисли без модернизација на патиштата“, изјави премиерот на Албанија Еди Рама, на заедничкиот состанок уште на 15 декември во 2017 година.
Но, Северна Македонија сè уште нема брз и безбеден пристап до пристаништата на соседната земја, а извозот и увозот на стоки со Албанија и натаму е помал во споредба со другите земји во регионот. Една од причините за тоа е што „Патот на Арбер“ не е изграден, и тоа најмногу во делот што ѝ припаѓа на Македонија.
Продолжувањето на овој пат на територијата на Северна Македонија треба да започне од државната граница во Ѓорица, на преминот од Албанија кон Македонија, преку долината на реката Дрим, во местото викано Затарајца, под стариот мост со лакови на Спиле, покриен со браната на хидроцентралата „Голем Дебар“. По преминувањето на ридовите Којнаре, патот продолжува кон Дебар. Од Дебар во правец на Гостивар,  минува низ клисурата на река Радика, продолжувајќи во правец на Гостивар, Тетово и Скопје. Растојанието од Дебар до Гостивар е 65 километри, од Гостивар до Тетово 25 километри, а пак од Тетово до Скопје е 45 километри. Така, овој пат значително би го скратил растојанието меѓу Скопје и Тирана, така што вкупното растојание ќе изнесува околу 210 километри.

ЈП „Државни патишта“ на Македонија: 19 километри за 2 години

Од Јавното претпријатие „Државни патишта“ за Порталб.мк рекоа дека започнале активностите за усогласување на соработката и развој на инфраструктурата на „Патот на Арбер“. Според нив, објавена е набавка за изградба на регионалниот пат Р2246 – 19 километри што ги поврзува Дебар и Кичево. Работите се очекува да завршат во 2023 година.
Имено, согласно со Планот за jавни набавки на ЈП „Државни патишта“ за 2021 година, распишана е јавна набавка набавка за избор на најдобра понуда за изградба на регионален пат Р2246 делница, Извор (спој со А2) – Гарски Мост, во должина од 19 км. Оваа делница ќе овозможи да се поврзат и ќе се скрати времето на патување меѓу градовите Кичево и Дебар. Се очекува овој проект да биде реализиран до крајот на 2023 година.
Рехабилитација на регионалниот пат Р1202 / Извор: патишта.org.mk

„Патот на Арбер во Албанија се очекува да заврши во 2022 година

Областите на Албанија низ кои поминува патот се: Тирана, Залдајт, Муризе, Гури и Бардх, Ура е Вашес, Плани и Бардх, Булќиза, Ура е Черенецит, Ѓорица и Дебар.
Изградбата започна во јуни 2018 година. Според Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија, „Патот на Арбер“, е инфраструктурно дело што ќе чини околу 240 милиони евра, при што албанската држава ќе преземе обврска да го исплати изведувачот во период од 13 години.
Од албанска страна се очекува да биде готов во април 2022 година. „Работите се завршени за вкупна должина од 27 км, од вкупно 54 км колку што е должина на проектот во основното тело. Според договорот, рок за целосно завршување е април 2022 година, но според напредокот, се очекува и има можност да се заврши и порано“, информираа за Faktoje.al (Фактоје.ал) од Министерството за инфраструктура и енергетика.

Патната инфраструктура го држи во заложништво економскиот развој

Годишниот каталог на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) наведува дека, генерално, Република Албанија не претставува важен партнер за Македонија, рангирана е на 18 место според извозот и на 26 место според увозот на стоки и услуги во последната анализирана 2019 година.
Имено, пресметано како дел од вкупната вредност на извозот и на увозот во последните три години, учеството на Република Албанија не надминува 1 отсто, што е показател од една страна за ниското ниво на трговска размена, но од друга страна покажува дека има значителен простор за подобрување на досегашната соработка меѓу компаниите“, велат од СКСЗМ.
Во западниот дел од С. Македонија се забележува голем застој во развојот на патната инфраструктура. Според СКСЗМ, постојните услови на патиштата предизвикуваат нашата земја да изгуби многу во економскиот развој.
„Западниот дел од Северна Македонија е познато дека има значителни Албанија. Ова многу ја чини нашата земја затоа што ваквата состојба на инфраструктурата не го стимулира бизнисот, го обесхрабрува извозот, отежнувајќи го пристапот до пазарите во околните земји, но исто така и увозот, со зголемување на трошоците за производи и услуги кои доаѓаат од Албанија и од други земји“, изјави Дурим Зекири од СКСЗМ.
Од Комората велат дека патната инфраструктура во овој дел од државата е од витално значење за стимулирање на економскиот развој на земјата.
„Цениме дека отворањето на граничниот премин би било голем чекор кон подобрување на условите за деловно работење и економски развој во тие региони и дека ќе има позитивно влијание врз подобрувањето на економските перформанси, особено во полошкиот и југо-западниот регион, бидејќи би овозможил директен пристап до албанскиот пазар. Она што му треба на бизнисот е олеснување на патниот транспорт за стоки, услуги и луѓе, за нивен побрз и поефикасен проток, намалувајќи ги логистичките трошоци, што би влијаело на вкупните цени домашните производи, но и на тие што се увезуваат од Албанија“, истакна Зекири.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...