fbpx

Пендаровски: Имаме обврска да носиме одлуки со кои жените и девојките ќе одлучуваат самостојно за своето тело

-

Унапредувањето на човековите права, вклучително и правата на жените, е предуслов за развојот на секое општество втемелено врз демократски принципи. Мојата земја е поддржувач на прогресивните политики за родова правда и затоа заложбите и обврските во однос на „Телесната автономија, сексуалното и репродуктивно здравје и права“, беа едногласно прифатени.

Претставувајќи ги националните заложби на Северна Македонија на овој план, ова го посочи претседателот Стево Пендаровски на Форумот за генерациска еднаквост, посветен на унапредување на родовата еднаквост, што се одржува во Париз, на панелот на тема „Телесна автономија, сексуално и репродуктивно здравје и права“.

Тој додаде дека, Северна Македонија се обврзува до 2026 година да го зголеми сеопфатното сексуално образование, согласно меѓународните стандарди на ООН и за тоа е подготвен тригодишен Акциски план со пилот-проекти и наставна програма за ученици од 13 до 15 годишна возраст. „Наша заложба е да го зголемиме опфатот на контрацепцијата, од 14 на 20 отсто, преку подобрување на пристапот на девојките и жените до советодавните услуги за планирање на семејството, и пристапот до абортус како основно право на жените“, рече Пендаровски.
Тој посочи дека земјава се обврзува до 2026 година да го редуцира бројот на детските бракови со тоа што ќе се оспособат девојчињата, адолесцентите и жените да носат автономни одлуки за своите тела и во таа насока ќе се усвојат законски измени и конкретни политики. А, исто така дека е зголемена е поддршката на автономните феминистички и женски организации.

„Жените и девојките мора да бидат во позиција самостојно да носат одлуки за своето тело, базирани на знаења и информации“, изјави Пендаровски и додаде дека во националните програми и буџети за сексуално и репродуктивно здравје се настојува да се земат в предвид потребите на најранливите и маргинализираните групи.
Инаку, нашата држава од ноември 2020 година е партнер во Акциската коалиција за сексуално и репродуктивно здравје и права и преку претставници од ресорните министерства во Владата активно учествува во активностите на оваа Коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...