fbpx

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел поради нападот врз Рафах

Соединетите Држави задржаа 3.500 бомби што требаше да бидат испорачани минатата недела во Израел поради загриженост дека тие би можеле да бидат употребени во голем напад врз јужниот град во Газа, соопштија официјални лица

-

Претседателот Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел минатата недела за да спречи оружјето произведено во САД да се користи во нападот врз јужниот град во појасот Газа, Рафах, изјавија за „Њујорк тајмс“ претставници на амеркианските власти, што е знак за растечкиот јаз меѓу Вашингтон и Ерусалим околу водењето на војната.

Претседателот задржа 1.800 бомби од 900 кг. и 1.700 бомби од 200 кг. за кои се стравуваше дека може да бидат фрлени врз Рафах, каде што се засолнати повеќе од еден милион жители на Газа, рекоа официјалните лица.

По терористичкиот напад на 7 октомври предводен од Хамас, претседателот Бајден прв пат носи ваква одлуката за одложување на испораката на 3.500 бомби како инструмент за влијание на пристапот на Израел кон војната што следеше.

Голем број претставници на демократскат партија на САД во Конгресот со недели бараа од Бајден да ја ограничи или запре испораката на оружје за Израел, нешто што тој досега одбиваше да го направи поради неговата силна поддршка за напорите да се уништи Хамас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...