Извор: Министерство за здравство

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека 500.000 вакцини на „Синовак“ ќе пристигнат во недела, со по 250.000 дози во два авиони. Утре пак, се очекуваат 100.000 дози од „Фајзер“, преку Ковакс-механизмот.

Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина, и откако ќе се добие дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата за лекови вакцините тие ќе се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.

Министерот Филипче најави дека наставниците ќе бидат во приоритетната група, за да може наставата во училиштата да се одвива непречено од септември, за што е изготвен протокол.

Со пристигнувањето на оваа количина на вакцини, Филипче очекува забрзано темпо на вакцинација во нашата држава.

„Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани во некои земји со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент над 98 проценти, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба. Затоа следи навистина едно навистина забрзано темпо на вакцинација ширум државата во сите пунктови,“ додаде Филипче.