Фото: Мета.мк

Вчера прва доза вакцина примиле 3.712 граѓани, а вкупно се вакцинирале 6.478 граѓани. До сега, на вакциналните пунктови во државата се вакцинирани вкупно 285.957 граѓани, јави министерството за здравство.

Вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 лица.

Со последните бројки, барем една доза на вакцина имаат примено 51 отсто од населението над 70 години, 45 отсто од населението над 65 години и 38 отсто од лицата на возраст над 60 години.

Од МЗ потсетуваат дека, вакцинацијата се одвива во неколку градови во државата, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.