fbpx

Ангеловска-Бежоска: Видливи се ефектите за економијата од стимулативната монетарна политика преку кредити

-

Минатата година и во првите месеци од оваа година кредитите растат со стапка од околу 6 отсто. Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар, лани и годинава немаше запирање на кредитните текови, а активноста расте со темпо, слично на преткризното. Лани растот на кредитната поддршка за економијата ги надмина очекувањата на централната банка, се забележува поголема ориентација за кредитирање на населението, но позитивни се и кредитните текови за корпоративниот сектор.

Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ), Анита Ангеловска-Бежоска, на Првиот економски форум во Скопје, во организација на Економскиот форум од Делфи, Грција, и Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија.

Во панел-дискусијата за постпандемиското закрепнување на нашата економија, гувернерката посочи дека ова е прва криза во која НБРСМ од самиот почеток спроведува олабавена монетарна политика и ја намалуваше каматната стапка во повеќе наврати, а презеде и други монетарни мерки кои доведоа до намалување на каматните стапки на кредитите и солиден раст на кредитната поддршка на граѓаните и на компаниите.

Ангеловска-Бежоска се осврна и на прашањето за очекувањата за економски раст за оваа година и на среден рок, при што посочи на важноста на случувањата во глобалната, особено во европската економија. Во досегашните проекции на НБРСМ, според неа, вклучително и во однос на проценката на потенцијалот на економијата за раст, не се земени предвид претпоставките за поинтензивно спроведување на структурните реформи, кои се клучни за зголемување на потенцијалот на економијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...