fbpx

Љубителите на планинскиот велосипедизам добија нова патека на Водно (галерија)

Љубителите на планинскиот велосипедизам од утре ќе може да возат по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Официјалното отворање на патеката ќе биде во 12 часот на средно Водно, а претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат...

Денеска нови 225 случаи на ковид-19, вирусот се шири низ скопските општини

Од ден во ден расте бројот на новозаразени лица од ковид-19 во Скопје, при што вирусот изминативе денови забрзано се шири низ општините Аеродром, Карпош и Центар. Во последните 24 часа регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19, од кои 96 се во Скопје,...

ГРЕКО: Слаб напредок во спречувањето корупција на пратениците, судиите и обвинителите

Најголемиот дел од 13-те препораките на Групата земји против корупцијата при Советот на Еропа (ГРЕКО) за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и за судиите и обвинителите, се или делумно спроведени или се неспроведени, додека само неколку се целосно спроведени, од што...

Владата ќе ја разгледа препораката на ЕЕЗ за намалување на ДДВ-то на струјата

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фенон рече дека намалувањето на ДДВ-то на цената на струјата од 18 на пет проценти Владата ќе го разгледа, за да се види каков ќе биде импактот...

Средба Бесими-Гир: Првата транша од 80 милиони евра од ЕУ пристигнува следната недела

Првата транша за Македонија во износ од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони евра макрофинансиска помош од ЕУ за надминување на кризата од корона вирусот, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими,...

Вистиномер: Има разлика помеѓу 40 проценти и 40 илјади деца – постот е невистина

Наместо 40 илјади деца, постот де факто тврди дека 100 илјади деца нема да можат да следат онлајн настава, што не е точно, пишува Вистиномер. Пост објава на Фејсбук за онлајн наставата и вкупниот број деца што не можат да ја следат, зашто немале компјутери,...

Повик на ФИТР и УНДП за дигитализација на општините за подобрување на јавните услуги

Од денеска, па до 15 ноември ќе трае јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и УНДП (Програма за развој на ОН) за дигитализација на општините, чија цел се развој на дигитални алатки и решенија за подобри и поквалитетни услуги. УНДП...

Интерконекторот за гас со Грција ќе ја направи државава енергетски коридор за земјите од ЈИЕ

Со поддршка на САД, Северна Македонија ќе забрза и иницира неколку проекти од енергетиката од особено значење за земјата и регионот, беше истакнато на денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев и Франсис Фенон, помошник државен секретар за енергетика и ресурси на САД. Средбата следуваше како...

Студентите може да аплицираат за еднократна помош од 6.000 денари

Објавени се резултатите од конкурсот за сместување на студентите во студентски домови во академската 2020/2021 година. Во меѓувреме, студентите до 10 октомври ќе може да аплицираат за еднократна финансиска поддршка од 6.000 денари за уплата при запишување семестар, сместување во студентски дом или приватно...

Се разгледува можноста нафтоводот Солун-Скопје повторно да се стави во функција

Премиерот Зоран Заев и помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фенон, денеска на заедничката прес-конференција истакнаа дека постои заинтересираност кај грчката компанија „Хеленик петролеум“ за повторно ставање во функција на нафтоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 година, но не...

ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади кон новинари

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, директорот на ЗНМ Драган Секуловски и адвокатот кој застапува група на новинари за нелегалното прислушување, Филип Медарски, вчера остварија средба со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, информираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). На средбата биле отворени повеќе прашања...

Во септември се бележи раст на казните за неносење заштитна маска (инфографик)

Полициските службеници изминатиот месец регистрирале 18.416 прекршоци за неносење маска низ градовите во земјава. Ако во текот на летото дневно се изрекуваа по 300 до 400 казни, во изминатиот месец се бележат дупло повеќе, односно од 600 до 800 казни. Постепениот раст на бројот...

Македонските аеродроми во август имале над 240.000 патници помалку во однос на лани (инфографик)

Корона кризата продолжува да влијае негативно врз авиосообраќајот во нашата земја. Низ портите на двата аеродрома во Скопје и Охрид во август 2020 година минале вкупно 76.344 патници, односно биле превезени над 240.000 помалку патници во споредба со истиот месец од минатата година. Во...

МЗ: Д-р Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Шуто Оризари

Докторот Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Општина Шуто Оризари, информираат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека на вчерашната средба, министерот за здравство, Венко Филипче и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутирале околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да...

За изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се заинтересирани 12 компании

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје заврши вчера. Од ЈП „Водовод и канализација“, како инвеститор, велат дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба...

Американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на ковид-19

Претседателот на САД, Доналд Трамп преку социјалните мрежи потврди дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на корона вирус. „Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани за ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова”...

Порталб: Стотици средношколци во Тетово протестираа против онлајн наставата, директорите негираат дека има бојкот

Стотици ученици од сите средни училишта на територијата на Општина Тетово се собраа денес на едно место, не за да го прослават почетокот на учебната година, туку за да протестираат против онлајн учењето, објави порталот на албански јазик, Порталб.мк. Директорите на средните училишта од...

Вистиномер: Учениците нема да треба целото идно лето да го поминат на училиште

На Фејсбук се појави пост, кој претставува линк до вест со наслов „Учебната година ќе трае до 31 август 2021 година“. Во веста, пак, се вели дека „Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година“, пишува Вистиномер во својата нова...

Неколку часа не функционира веб-страната на Министерството за образование и наука

На првиот ден од учебната година, веќе неколку часа не функционира официјалната веб-страна на Министерството за образование и наука. Од МОН засега нема официјално известување која е причината зошто веб-страницата не е во функција. Учениците, студентите, родителите, но и сите засегнати немаат увид во информации...

ЗНМ и ССНМ ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), денеска остварија средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ. Главна тема на дискусијата на средбата било прашањето околу третманот и заштитата на медиумските работници. „Се разговараше околу потребата за...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...