fbpx

Денеска нови 225 случаи на ковид-19, вирусот се шири низ скопските општини

-

Од ден во ден расте бројот на новозаразени лица од ковид-19 во Скопје, при што вирусот изминативе денови забрзано се шири низ општините Аеродром, Карпош и Центар. Во последните 24 часа регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19, од кои 96 се во Скопје, информираат од Министерството за здравство.

Зголемување на бројот на активни случаи на ковид-19 има и во општина Аеродром, каде што минатата недела имало 97 активни, а денеска нивниот број се искачил на 141. Во општина Карпош пак, пред една недела биле регистирани 83 активни, а денеска се вкупно 111. Во општина Центар исто така има зголемување, од 91 заболено лице минатата недела на вкупно 127 активни случаи денеска.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2 и Ресен-4.

Од Министерството за здравство информираат дека во последното деноноќие, во болнички услови починаа 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, а бројката на оздравени пациенти е 15.164. Починаа 749 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450.

Порастот на бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава доаѓа заедно со непочитувањето на мерките за носење на заштитна маска, држење на дистанца и редовно миење на рацете од граѓаните. Податоците од МВР укажуваат на тоа дека граѓаните не ја почитуваат мерката за носење заштитна маска, за превенција и заштита од ширењето на корона вирусот. Статистиката од ресорното министерство покажува дека изминатиот месец пораснал бројот на напишани казни за неносење заштитна маска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...