Интерконекторот за гас со Грција ќе ја направи државава енергетски коридор за земјите од ЈИЕ

-

Со поддршка на САД, Северна Македонија ќе забрза и иницира неколку проекти од енергетиката од особено значење за земјата и регионот, беше истакнато на денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев и Франсис Фенон, помошник државен секретар за енергетика и ресурси на САД.

Средбата следуваше како континуитет на посетата на Заев на Атина пред две недели на тркалезната маса за регионалната енергетска безбедност како и посетата на владина делегација во Солун.

„Регионалната соработка во енергетиката е дел од приоритетите во нашата Стратегија за енергетика и од таму произлегуваат конкретни мерки и проекти од аспект на прекугранично поврзување, кои беа теми на средбите од Атина и Солун. За нас како држава, поврзувањето на енергетските коридори преку Бугарија и Грција се од суштински и долгорочен интерес. За време на мојата посета во Атина, добивме поддршка од конзорциумот „Гастрејд“ за вклучување на Северна Македонија во изградба на терминалот за течен природен гас, во близината на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас на нашата земја, која истовреме ќе стане точка, од која гасот ќе се дистрибуира во земјите во регионот и во земјите кои ќе покажат интерес,“ рече Заев.

Тој додаде дека со помошник државниот секретар Фенон разговарале за значењето на поддршката од САД за изградба на интерконекторот за гас со Грција.

„Со тоа добиваме уште една можност на снабдување со природен гас од Азербејџан и истовреме можност за поврзување на ЛНГ терминалите во Грција, Израел и Југоисточен Медитеран. Овие проекти ќе обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во согласност со нашата долгорочна енергетска стратегија. Ова поврзување на Северна Македонија со Грција со помош на САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа за алтернативен пристап до значајни енергетски ресурси,“ додаде Заев.

Помошник државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Фенон рече дека гледа еволуција и развој на нов енергетски пазар.

„Грција е предводник во тоа во инфраструктурата што ја има за прием на овие енергетски ресурси. Но, кога одиме понатаму, со ваквите приклучоци на релативно мали земји со мала побарувачка во еден поголем пазар кој што може да ги катализира инвестициските можности, ќе се овозможи трансформативен економски прогрес на земјата и целиот регион. Го посетив интерконекторот Грција-Бугарија гасоводот кој што ќе го води гасот преку Бугарија и другите приклучоци преку Северна Македонија
Драго ни е што вашата влада покажа интерес за Александрополис,“ рече Фенон.

Тој додаде дека кога има опции за енергетиката, тоа има поширок ефект врз намалување на цените и подобрување на стабилноста, отпорноста и помошта кон потрошувачите.

„Северна Македонија има значајна можност во смисла на гасот, но и интеграција на обновливите енергетски ресурси заедно со гасот,“ потенцираше Фенон.

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во земјата и...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во...