Вистиномер: Има разлика помеѓу 40 проценти и 40 илјади деца – постот е невистина

-

Наместо 40 илјади деца, постот де факто тврди дека 100 илјади деца нема да можат да следат онлајн настава, што не е точно, пишува Вистиномер.

Пост објава на Фејсбук за онлајн наставата и вкупниот број деца што не можат да ја следат, зашто немале компјутери, е целосна невистина зашто станува збор за невистинити бројки, многу поголеми од реалноста.

Во објавата се наведуваат следниве „факти“: 40 отсто од децата немаат можност за да следат онлајн настава ама затоа Завод за статистика се поднови со 5.200 лаптопи за 3,2 милиони евра. Колку вработени има во заводот? Лапај си.

Бројката од 40 отсто од децата, кои немале можност да следат онлајн настава е целосна невистина според досега објавените податоци и познати бројки. Имено, во јавноста од неодамна се зборува за проценка од 40 илјади деца, а не за 40 проценти од децата. Проценката е на Министерството за образование и наука и таа беше кажана на 18.09.2020 при претставување на Националната платформа за онлајн настава (околу 38 минута од видеото), за што сведочат и медиумските објави истиот ден.

Разликата помеѓу 40 проценти од децата и 40 илјади деца е многу голема. Имено, според достапните податоци во јавноста, во основно и средно училиште во учебната 2020/2021 година има запишано околу 250 илјади деца, што се потврдува со бројките од Државниот завод за статистика за претходната 2019/2020 учебна година, кога на настава имало запишано околу 257 илјади деца. Процентот на 40 илјади од 250 илјади е 16 проценти, а не 40 проценти. Или за околу 60 илјади деца повеќе, според авторот на постот!

Министерката за образование, Мила Царовска, тогаш изјави дека интернет пристапот ќе се подобри со донации, а за децата што немаат IT уреди за следење на наставата државата нема да може да ги обезбеди уредите во краток рок, но и дека за нив има обезбедено решение:

„Тоа е затекната состојба, која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца ќе имаме часови (15-минутни видеа) кои ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите коишто се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите коишто треба да ги добијат во училиште“.

И податоците во вториот дел од реченицата во постот што го рецензираме не се вистина. Односно, има делумна невистина и во бројките, кои, пак, невистинито се компарираат со бројот на вработени во ДЗС. Имено, авторот на постот вели „ќе се набавеле 5.200 лаптопи за 3,2 милиони евра“, па прашува, „колку вработени има во заводот“?

Точната бројка е поголема – 5.650 лаптопи по 540 евра, односно околу 3,05 милиони евра. Но, во постот не се наведува дека лаптопите се со строго наменска цел за спроведување на пописот во 2021 година и дека тие не се само за вработените во Заводот за статистика, туку и за лицата што ќе го спроведуваат пописот на терен.

Сѐ на сѐ, содржината во постот е целосна невистина, иако авторот генерално сакал да ја пласира дилемата зошто има пари за лаптопи за попис, а не за он-лајн настава, што беше и дел од дилемите поставени во јавноста од медиумите.

Ваквиот пост со невистинита содржина стана доста вирален за кратко време. Тој само последните 24 часа, кога ја правиме оваа рецензија, бил погледнат околу 1.200 пати, вкупно над 30 илјади пати, а е споделен 54 пати.

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“...