fbpx

Инспекторите добиваат поголеми овластувања за да се справат со прекршителите на протоколите за ковид-19

На денешната владина седница ги усвоивме предлог-измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои инспекциските служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите, информираше заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за...

Еврокомесарот Вархеји утре во Скопје, Османи во петок на средба со Захариева во Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информираше за важните посети што ќе се одржат неделава, а се значајни за евроинтеграциските процеси на земјата. Тој ја најави утрешната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје, која доаѓа по денешното објавување на Извештајот...

Уште 225 нови случаи на заразени со ковид-19, вкупниот број во земјава надмина 19.000

Во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања и регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1, информираат од Министерството...

Вандали оштетија инструменти за рано предупредување од поплави во Вардар кај тетовско Сараќино

Штета во висина од 5.000 до 10.000 евра е направена врз инструментите за рано предупредување од поплави на хидролошката станица „Саракинци“ поставена во реката Вардар кај тетовското село Сараќино. „Минатата недела наша екипа ја посети станицата во Сараќино со цел да утврди зошто нема податоци...

Германија, Велика Британија и Србија најголеми трговски партнери на земјава

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 3,4 милијарди евра и бележи пад од 17,8 отсто во однос на истиот период од претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Вредноста на...

Потпишан грант за јапонска помош од 813.000 евра за јакнење на капацитетите во здравството

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, денеска потпишаа Договор за јапонска грант помош во висина од 813.000 евра за економски и социјален развој. На средбата Димитров истакна дека оваа итна помош од Владата...

Повеќе од 40 цивили загинаа во судирите околу Нагорно-Карабах

Од почетокот на судирите околу Нагорно-Карабах, кои траат повеќе од една недела, според официјалните извештаи од Баку и Ереван, на азербејџанската страна погинале 27, а на ерменската 19 цивили, додека 141 цивилно лице е рането, соопшти денеска руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извори...

Со измени во Законот за градење ќе се бара од инвеститорот да наведе на што ќе се грее новиот објект

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, заедно со комесарот Атанаско Тунески денеска присуствуваа на работен состанок со Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, информираат од РКЕ. Дополнување на одобрението за градење...

Граѓаните ќе може да патуваат во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест од 12 октомври

Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT...

Египетските мршојадци летаат за опстанок, на три континенти ќе се трча за нивна поддршка

Под мотото „Птиците го поврзуваат светот“, Македонското еколошко друштво, ги кани сите граѓани на 10 Октомври, Денот на птиците преселници, да истрчаат или отпешачат една милја. Настанот, кој се одржува на три континенти, Европа, Азија и Африка, се организира за подигнување на јавната свест...

Како изгледа еден од часовите на платформата за учење на далечина: „Наставничке, некој ве мјутна“

Четири дена поминаа откако започна учебната година, во најголем дел преку националната платформа за учење на далечина. Предизвиците со кои се соочуваат учителите и учениците преку се секојдневни и бројни, но од она што досега може да се забележи е дека генерално, наставниците успеваат...

Полицијата вчера исклучила од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје (фото+видео)

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. „Санкционирани се 15 возила, од кои...

Во првите 6 месеци од Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност не е исполнета ниту една обврска

Фондацијата „Метаморфозис“ изготви Извештај за проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план (АП) на Стратегијата за транспарентност (2019-2021) во првите шест месеци (ноември 2019-мај 2020). Мониторингот го проценува спроведувањето на АП во две димензии: дали се спроведува навремено и дали се спроведува целосно во...

Македонската Е-спорт репрезентација ќе се натпреварува на Светско првенство

На 31 октомври годинава започнува Светското првенство во е-спорт на кое ќе се натпреварува и македонската репрезентација, заедно со 60 други држави. Минатата недела се одигра првиот квалификациски турнир во Текен, во организација на Македонската Е-спорт Федерација. „Поради состојбата со ковид-19, турнирот беше лимитиран на...

ЈСП вклучи повеќе автобуси на поголем дел од линиите во јавниот превоз

ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. „Станува збор за линиите 2, 2А, 5,...

Истражување на ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од...

ВМРО-ДПМНЕ утре на протест со автомобили од х. Русија во Аеродром до РКЕ во Центар

Утре со почеток во 18 часот од паркингот на СЦ Јане Сандански, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на протест со автомобили против поскапувањето на струјата. Во најавата за протестот од партијата велат дека за претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски има 120.000 денари плата,...

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски позитивен на ковид-19

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски е позитивен на ковид-19, соопшти тој на неговиот фејсбук-профил. „И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште...

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат...

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката...