fbpx

Со измени во Законот за градење ќе се бара од инвеститорот да наведе на што ќе се грее новиот објект

-

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, заедно со комесарот Атанаско Тунески денеска присуствуваа на работен состанок со Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, информираат од РКЕ.

Дополнување на одобрението за градење со поле во кое задолжително ќе биде наведено точно на што ќе се грее секој нов објект што ќе се гради беше клучната тема на состанокот. Воедно, соговорниците се осврнаа и на прашањето за посеопфатно решение за предизвикот со затоплување на објектите преку мапирањето на градот.

„Неопходно е точно да се знае секој нов објект на што ќе се грее за да се обезбеди предвидливост, сигурност и стабилност во испораката на енергенси. Сите засегнати страни треба да имаат чиста состојба – граѓаните коишто купуваат нов недвижен имот: куќа, стан или деловен објект, но и самите оператори на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде да ги зајакнат инвестициите во мрежата за да ги сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот“, изјави претседателот на РКЕ Бислимовски.

Тој појасни дека приоритет е домаќинствата да добијат еколошки, економичен, ефикасен енергенс (природен гас), а мотивот е на ефикасен и економичен начин да се искористат ресурсите со кои располагаме како држава за да се реши греењето на граѓаните.

„На овој начин ќе имаме однапред мапирани реони каде и на кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. Во местата каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат кон овој систем, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем како би го решил проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира, што го дозволува и Законот за енергетска ефикасност согласно европските директиви,“ изјави Бислимоски.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во март годинава покрена иницијатива за измена на Законот за градење во делот на одобрението за градба и за таа цел испрати известување до Министерството за транспорт и врски, заедно со предлог-текст како да се извршат корекции во предлогот на Законот за градење.

Во изминатиот период РКЕ донесе одлука со која за 37 проценти се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, со цел да се поттикне што поголем број на новоизградени објекти да се приклучуваат кон системот за дистрибуција на топлинска енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...