Потпишан грант за јапонска помош од 813.000 евра за јакнење на капацитетите во здравството

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, денеска потпишаа Договор за јапонска грант помош во висина од 813.000 евра за економски и социјален развој. На средбата Димитров истакна дека оваа итна помош од Владата на Јапонија е повеќе од добредојдена и значително ќе придонесе во јакнење на капацитетите на здравствените установи и ќе им ја олесни работата на здравствени работници кои се на првата линија во борбата против пандемијата.

„Во моментов секоја земја се бори со корона вирусот со сопствени мерки и здравствени капацититети. Во исто време меѓународната соработка е засилена за време на оваа здравствена криза. Јапонија е среќна што може да ги поддржи вашите напори. Јапонија секогаш ги поддржувала вашите реформи кон Евро-атлантскиот пат, ” истакна амбасадорката Ханеда.

На Церемонијата на потпишувањето на Договорот присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче кој истакна дека донацијата од јапонската амбасада е значајна помош и поддршка на здравствениот систем, таму каде што е најмногу потребна.

„Многу е карактеристично за секоја една од донациите кои досега сме ги добиле од амбасадата на Јапонија и jапонската држава и народ дека е многу детално проучена. На кој начин ги анализираме, на кој начин ќе се користи и дали вистински ќе служи на потребите на нашите пациенти. Во таа смисла, поддршката на регионалните центри, здравствени домови во Кратово, Кавадарци, Македонски Брод, во Скопје беше нешто на што интензивно работевме во изминатиот период. Сакам да се заблагодарам и да посакам оваа успешна соработка да продолжи и понатаму”, потенцираше министерот Филипче.

Тој исто така додаде дека за првпат во нашата земја, благодарение на јапонската амбасада достапен стана лекот „Авиган” за пациенти со ковид-19.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...