fbpx

Во смртна постела открил дека 50 години е на листата најбарани криминалци во Јапонија

Сатоши Киришима бил инволвиран во бомбардирања на неколку јапонски фирми во 1970-те години, а оттогаш неговиот насмеан лик стои пред речиси секоја полициска станица во Јапонија

-

Човек во смртна постела во болница во Јапонија ја известил полицијата оти тој речиси 50 години е на листата најбарани криминалци во државата. Тврдел дека е Сатоши Киришима, член на радикална група од 1970-те години која бомбардирала јапонски компании.

Бил терминално болен од рак и сакал да си ги одживее последните денови под вистинското име. Почина во неделата, на 28 јануари, четири дена откако го открил својот идентитет на полицијата.

Тестовите со ДНК, чии резултати не беа готови пред да почине човекот, потврдија дека починатиот човек најверојатно навистина бил Сатоши Киришима.

Ликот на Киришима е познат во Јапонија – неговата насмевка може да се најде на плакати за исчезнати криминалци пред речиси секоја полициска станица во државата.

Киришима, кој е роден во 1954 година, бил дел од радикална анархистичка левичарска терористичка група наречена „Источноазиски анти-јапонски воен фронт“. Тие се залагале против јапонските корпорации, како и против јапонскиот империјализам. Извршиле низа бомбардирања на јапонски компании во 1970-те години.

Киришима бил обвинет за детонирање на бомба во Токио, од чија експлозија немало повреди. Иако не бил најклучен член на групата, тој е единствениот од десетте нејзини членови кој не бил приведен. Други двајца членови на групата биле осудени на смртна казна.

Според јапонските медиуми, по 1975 година, тој немал ниту мобилен телефон, ни здравствено осигурување и инсистирал да биде платен во кеш на работните места.

Полицијата изврши рација изминатата недела во една од градежничките фирми во која работел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...