понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: терорист | 20 резултати

Новинар уапсен во Тирана поради повик за убиство на евроамбасадорка

мај 10, 2017

Албанската полиција соопшти дека го уапсила 51-годишниот новинар Кастриот Мифтарај поради повици на насилство против Романа Влахутин, шефица на Делегацијата на Европската Унија во Тирана. Мифтарај е спроведен од припадници на антитерористичките единици на полицијата во полициска станица, откако објави коментар против Влахутин на својата фејсбук-страница. Тој ја нарекува евроамбасадорката „терорист“ и вели дека нејзиното […]

Канадската полиција уби осомничен терорист

август 11, 2016

Канадската полиција уби едно лице откако по „доверлива дојава бил идентификуван како потенцијална терористичка закана, јави канадската државна телевизија. Осомничениот е убиен за време на полициските рации во градот Онтарио, наведува телевизијата „Си-би-ес“. Во соопштението на канадската полиција се наведува дека „осомничениот е идентификуван како закана по национална безбедност“, по што ќе се „преземат мерки […]

Германската полиција уапси 15-годишно момче осомничено дека подготвувало напад

јули 27, 2016

Германските власти уапсиле 15-годишно момче, кое е осомничено за подготовка на напад, а се верува и дека било во контакт со тинејџерот што минатата седмица во Минхен уби девет лица во трговски центар. Обвинителството и полицијата во Лудвигсбург соопштија дека тинејџерот е уапсен во понеделникот и пренесен во психијатриска болница. Во домот на осомничениот се пронајдени […]

Обвинет терорист кој држел жена и дете како заложници во Брисел

март 27, 2016

Белгиското обвинителство подигна обвинение за учество во активности на терористичка организација против Абдераман А., кој во средата беше уапсен во бриселскиот кварт Шарбек, јавуваат белгиските медиуми. Уапсениот, во моментот на апсење држел заложници, жена и дете, кои ги затекнал на станица од градскиот превоз. Тој е втор човек кој е поврзан со неуспешниот напад што […]

Обвинение против Салaх Абдеслам

март 19, 2016

Белгиското јавно обвинителство денеска официјално го обвини Салех Абдеслам за негова поврзаност со нападите во Париз во ноември минатата година, соопшти неговиот адвокат Свен Мери. Мери најави дека во оваа фаза од постапката ќе бара Абдеслам да не биде екстрадиран во Франција, иако францускиот претседател, Франсоа Оланд, уште синоќа најави дека Париз ќе бара негова екстрадиција […]

Франција: Објавена фотографија од третиот бомбаш-самоубиец

ноември 23, 2015

Француската полиција објави фотографија и од третиот бомбаш-самоубиец, кој се разнесе пред фудбалскиот стадион „Стад де Франс“, за време на терористичкиот напад во Париз. Полицијата преку социјалните мрежи побара помош од граѓаните за неговото идентификување. Во меѓувреме, „Би-Би-Си“ објави дека мажот од фотографијата на 3 октомври пристигнал на грчкиот острово Лерос под името М. ал-Махмод, […]

Валс: Не знаеме дали Салах е во Франција или не

ноември 20, 2015

Француските власти не знаат дали осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам, е во Франција или Белгија, изјави францускиот премиер Мануел Валс. Освен тоа, Валс наведе дека не е познато дали има уште поврзани групи со напаѓачите кои се во бегство. – Заканата е присутна. Ние во овој момент на истрага не знаеме дали постојат […]

МВР: Четири лица со име Ахмад Алмохамед поминале низ Македонија!

ноември 18, 2015

Македонската полиција регистрирала четворица мигранти со сириско потекло кои транзитирале низ земјава под името Ахмад Алмохамед, за кое се претпоставува дека е идентитетот на еден од извршителите на терористичките напади во Париз, во петокот минатата недела, информираат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека во сите четири случаи, лицата имале различни […]

Во Србија уапсен бегалец со ист пасош како на терористот од Париз

ноември 17, 2015

Српската полиција уапсила бегалец кој имал пасош со истите детали како тој пронајден во близина на телото на еден од напаѓачите во Париз, пишува „Гардијан“. Сите генералии на пасошот биле исти, освен фотографијата. Српските власти се сомневаат дека двата пасоша се фалсификувани и додаваат дека се во контакт со француските истражители. Француската полиција пронашла сириски […]

Две експлозии во Брисел при полициската потрага по терористи

ноември 16, 2015

Две експлозии одекнале во муслимански кварт во Брисел, во кој полицијата се обидува да најде терористи осомничени за учество во нападот во Париз. „Си-Ен-Ен“ наведува дека станува збор за контролирани експлозии, кои ги предизвикала полицијата, но засега нема потврда за ова. Потрагата за терористот е завршена, а белгиските власти демантираа дека Салах Абдеслам е уапсен […]

Осомничениот терорист бил запрен од полицијата во Франција, па пуштен

ноември 16, 2015

Еден од осомничените за нападот во Париз, Салах Абдеслам, бил запрен од француската полиција, но по контролата го пуштиле да го продолжи патот кон Белгија. Како што се наведува, полицијата неколку часа по нападот во Париз, на границата со Белгија, го запрела возилото во кое бил Салах Абдеслам, и тоа откако веќе бил идентификуван како личност што […]

Убиен лидер на терористичка организација

јули 22, 2015

Мухсин ал Фадли, кој важи за клучен човек на групата Хорасан, која е разгранок на Ал каеда, е убиен во воздушните напади на коалицијата предводена од САД во Сирија, соопшти денеска Пентагон. Ал Фадли е убиен на 8 јули при напад од воздух на возилото со кое патувал во северозападниот дел на Сирија, изјави портпаролот […]

Вознемирувачка снимка од нападот во Тунис се појави на интернет

јуни 27, 2015

Исламска држава го објави идентитетот на убиецот на туристите во хотелот „Империјал“ во Тунис. Тоа е Абу Јахја Кујравани кој пукаше во луѓето на плажа, чија слика се појави на социјалните мрежи, објавена од Исламска држава. „Нашиот брат, војникот Абу Јахја ал Кујравани, ја оствари својата цел во хотелот „Империјал“, иако имаше обезбедување“, напишаа покрај […]

Убиен најбараниот терорист во Југоисточна Азија

мај 7, 2015

Најбараниот терорист во Југоисточна Азија, Абдул Басит Усман, бил убиен во неделата потврдија од филипинската армија. Тој беше еден од водачите на најекстремната исламистичка група на Абу Сајаф, разгранок на Ал каеда во овој регион. Главата на терористот, организатор на бројни бомбашки напади, беше уценета на милион долари. Заедно со Усман биле ликвидирани и петмината […]

На Филипини е убиен еден од најбараните терористи

мај 4, 2015

Филипинецот Абдул Басит Усман, кој е наоѓа на американската листа на најбарани терористи, е убиен во судирите со безбедносните сили на југот на Филипините, соопштија бунтовничките сили. Претставник на една од најголемите филипински бунтовнички групации, „Исламски ослободителен фронт Моро“, Газали Џафат, рече дека Усман е убиен во планинскиот дел додека бил заедно со припадници на […]

Денис Куспер прогласен за глобален терорист

февруари 10, 2015

Германскиот државјанин Денис Куспер, кој е припадник на исламистичката групација Исламска држава во Сирија и во Ирак, е прогласен за глобален терорист од САД. Стејт департментот соопшти дека Куспер се приклучил кон џихадистите во 2012 година и се појавил во голем број пропагандни видеоснимки на ИД. Во една од нив, која е од ноември минатата […]

Страна 1 од 1