fbpx

Полицијата вчера исклучила од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје (фото+видео)

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

„Санкционирани се 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден“, информираат од МВР.

Полицијата веќе трет месец врши засилени контроли, кои ја вклучуваат и проверката на техничката неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. На 31 август годинава, МВР за само пет часа откри 52 различни прекршоци кај комбиња, автобуси и такси возила кои вршеле превоз на патници на територијата на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Штип.

„Мета.мк“ веќе пишуваше за актуелните проблеми со кои се соочуваа автобускиот превоз во земјава. Статистичките податоци покажуваат дека бројот на повредени и загинати лица во автобуски несреќи низ годините расте, додека просечната старост на автобусите со кои се врши превоз на патници во земјава со години наназад изнесува околу 18 години. Експертите посочуваат дека контролите на превозниците треба да се засилат и да се применуваат стриктно актуелните законски прописи што се однесуваат за техничката исправност на возилата што вршат линиски превоз на патници.

Лани, во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари кај селото Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. За случајот „Ласкарци“ се води судски процес, којшто до денешен ден не е завршен и во моментов се наоѓа во фаза на главна расправа. Обвинителството покрај во пречекорената брзина на автобусот на гостиварската компанија „Дурмо турс“, се сомнева дека токму техничката неисправност на автобусот е причината поради која се случила автобуската несреќа кај Ласкарци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...