fbpx

Инспекторите добиваат поголеми овластувања за да се справат со прекршителите на протоколите за ковид-19

-

На денешната владина седница ги усвоивме предлог-измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои инспекциските служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите, информираше заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на неговиот фејсбук-профил.

„Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот испекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво. Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена на правните субјекти. Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на фирмите,“ напиша Николовски.

Тој најави нулта толеренација за прекршителите на здравствените ковид- протоколи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...