fbpx

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

-

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“.

Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората постапка се очекува да се достават до 25 октомври, а потоа ќе следи постапка за избор на најповолна понуда.

„Податоците што ги поседуваме од Одделот за јавни набавки, велат дека немало понудувачи кои ги исполнувале потребните услови и како резултат на тоа постапката за јавна набавка мораше да се откаже. Огласот беше повторно објавен пред неколку дена и на 25 октомври треба да биде затворен. Потоа, продолжуваат другите фази како што се предвидени со одредбите на законот за јавни набавки“, велат од Општина Тетово.

Уште во декември минатата година градоначалничката на Тетово Теута Арифи вети дека од јануари годинава ќе започне формалната постапка за јавна набавка и дека истата ќе заврши за еден месец.

„Сметаме дека во јануари можеме да го започнеме процесот на набавка на овие пет автобуси“, рече Теута Арифи во декември минатата година.

Со распишувањето на изборите во април годинава, се зголеми оптимизмот на Општина Тетово дека до крајот на оваа година граѓаните ќе можат да ги користат петте ветени автобуси.

До пред неколку дена, вината за нереализација на овој проект од страна на Општина Тетово беше префрлена на „корона вирусот“, тврдејќи дека „поради состојбата со пандемијата, постапките се откажани“.

Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во првиот мандат во програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“ а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово “ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи не е исполнето.

Исто ветување, Арифи даде на прес конференција еден ден пред новата 2020 година, на која според Арифи целата документација за снабдување на Тетово со пет автобуси е завршена и дека нивната набавка се очекуваше да заврши на крајот на јануари.

„Од Светска банка обезбедивме средства од 72,5 милиони денари за набавка на пет автобуси за јавното сообраќајно претпријатие, би сакала да ве известам дека вчера Министерството за финансии ни го испрати за потпишување договорот и започнување на постапките за набавка на автобуси. Според ова, како што се одвиваат работите, сметаме дека во јануари можеме да го започнеме процесот на набавка на овие пет автобуси“, рече Теута Арифи на 30.12.2019 година.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по вторпат го основа јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првото не стана функционално и истото автоматски престана да работи поради законски рокови за ставање на истото во функција, а на последниот состанок на тетовскиот општински совет беше изгласан и статутот на ова претпријатие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...