петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Тетово Транспорт | 19 резултати

Навршуваат два месеци од прекинот на јавниот превоз во Тетово, граѓаните бараат да се врати

јануари 25, 2022

Поминаа околу два месеца откако јавниот превоз во Тетово се прекина, што според општинските власти, беше направено поради неправилности во претпријатието. Денеска, по толку време, граѓаните бараат враќање на истиот, а тетовскиот градоначалник вели дека претпријатието има акциски план кој наскоро ќе биде споделен со јавноста, додека в.д. директорот на јавното сообраќајно претпријатие не одговара […]

По само 4 месеци од воведувањето, во Тетово времено е укинат јавниот превоз

декември 7, 2021

Општина Тетово времено го укина јавниот превоз во градот по само 4 месеци откако истиот беше воведен, а за којшто беа набавени и нови автобуси. Новото општинско раководство вели дека ќе треба да се среди хаосот што владеел во јавното претпријатие „Тетово Транспорт“. Се работело без да се платат придонеси за вработените, а фирмата работи […]

Порталб: Во јавниот превоз во Тетово во функција само линијата број 1

ноември 10, 2021

На граѓаните и натаму им е нејасно како сообраќаат автобусите во Тетово. Од вчера повторно има промени. Сега се скратени линиите на јавниот превоз на Тетово, односно на услуга на граѓаните ќе биде само линијата број 1, која ќе кружи на секои 15 минути од 6 часот наутро до 20 часот навечер. Директорот на ЈП […]

Порталб: Од денеска започна да функционира јавниот превоз во Тетово, возењето сé уште е бесплатно

септември 20, 2021

Денеска почнаа да сообраќаат редовните автобуски линии во Тетово, со распоред од понеделник до сабота, во периодот од 06 до 20 часот. Билетите сé уште не се во продажба, затоа возењето сé уште е бесплатно, но според ЈП „Тетово транспорт“ билетите ќе бидат готови набргу. Порталб.мк испрати прашања до ова претпријатие во врска со работата […]

Порталб: Тетово без посебна лента за автобуси, јавниот превоз може да го отежни сообраќајниот метеж

февруари 18, 2021

Општина Тетово нема изнајдено решение за сообраќајниот метеж што со години го спречува слободното движење на возилата. Проблемот ќе биде отежнат кога во сообраќај ќе се воведат и автобусите како дел од градскиот превоз, за кои не е обезбедена посебна лента или барем не е планирано ефикасно организирање на сообраќајот. Одлуката за купувањето на автобусите […]

Порталб: За 9 дена Тетово треба да има пет градски автобуси, aко не ги донесат ќе има казни

јануари 6, 2021

Остануваат девет дена од крајниот рок кога петте автобуси за јавен превоз треба да пристигнат во Тетово. Претседателот на Советот на општината, Беким Мемети, за „Порталб.мк“ изјави дека автобусите ќе пристигнат на време бидејќи во спротивно, ќе има казни за соодветната компанија. „Рокот од датумот на потпишување на договорот до датумот на испорака на автобусите […]

Активистичка акција во Тетово: Автобуси духови поставени пред новите автобуски станици

ноември 12, 2020

Со акцијата „За прв пат во светот, автобус дух!“, група активисти во Тетово поставија автобуси духови пред автобуските станици за чекање, коишто неодамна беа поставени во градот од Општина Тетово. „Поаѓајќи од досегашното искуство, се поставува прашањето дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите. Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците […]

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

октомври 6, 2020

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите […]

Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

август 7, 2020

Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши […]

Распишан тендерот за набавка на градски автобуси за Тетово, повикот трае до 15 јули

јуни 12, 2020

Тетово наскоро треба да добие нови градски автобуси со кои ќе може да профункционира јавниот превоз во градот. Општина Тетово го распиша повикот за доставување понуди од заинтересираните компании за набавка на автобуси за јавен превоз. Тендерот е отворен за доставување на понуди до 15 јули, а процесот на понудување и избор на фирмата ќе […]

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

февруари 21, 2020

Со јавен превоз во сите градови од земјава лани биле превезени 72.040.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со линиите од градскиот превоз во 2019 година патувале 42.404.000 патници, додека автобусите од приградските линии превезле 29.636.000 патници. Во овие бројки се вклучени податоците од главниот град, но и од градско-приградскиот превоз што се […]

Проектната документација за набавка на градски автобуси за Тетово е во завршна фаза

ноември 13, 2019

Постапката за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово е во завршна фаза во делот на подготовка на проектната документација, што значи дека општината сè уште нема поднесено барање за кредит во Светска банка, пишува „Порталб.мк“. Подготовката на проектната документација доаѓа откако претходно беше одобрена техничката документација, која вчера беше објавена на владината седница […]

Error 1200: Најголемиот проблем на “градоначалникот“ во Тетово (видео)

октомври 29, 2019

Че Тим ТВ со поддршка на „Порталб.мк“ продолжува да го третира проблемот со немањето јавен превоз во Тетово. Засега, ова веројатно е најголемиот проблем на нашиот “градоначалник“. Иако градот Тетово со околината има над 100.000 жители, јавниот превоз и понатаму останува едно од неисполнетите ветувања за оваа општина. Градоначалничката Теута Арифи во два последователни мандати […]

Општина Тетово по вторпат формира претпријатие за јавен превоз, но автобуси нема

октомври 4, 2019

Иако сè уште нема автобуси ниту организиран јавен превоз, Општина Тетово по вторпат го основа претпријатието за јавен превоз „Тетово Транспорт“. Ова претпријатие веќе има директор, но се очекува истото да „заживее“ кога Тетово ќе има возила за превоз. Дотогаш, жителите на градот повторно ќе чекаат на јавен превоз, пишува „Порталб.мк“. Во ноември 2014 година, […]

Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“ функционира само на хартија

март 30, 2017

Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“, функционира само на хартија. Ова претпријатие се формираше пред една година за, како што посочија општинските власти, да се намали големото аерозагадување во градот, но и поради потребата од ваков превоз, со оглед на фактот дека Тетово е втор по големина град во Македонија, по фреквенција на луѓе и на возила. […]

Страна 1 од 1