Error 1200: Најголемиот проблем на “градоначалникот“ во Тетово (видео)

Че Тим ТВ со поддршка на „Порталб.мк“ продолжува да го третира проблемот со немањето јавен превоз во Тетово. Засега, ова веројатно е најголемиот проблем на нашиот “градоначалник“.

Иако градот Тетово со околината има над 100.000 жители, јавниот превоз и понатаму останува едно од неисполнетите ветувања за оваа општина. Градоначалничката Теута Арифи во два последователни мандати вети дека ќе се реши ова прашање, но ветувањата остануваат само зборови, а Тетово нема автобуси за јавен превоз на улиците.

(за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото)

Покрај тоа, локалните власти од Тетово сѐ уште немаат поднесено апликација до Светска банка за набавка на автобуси за јавен превоз. Општината два пати основаше претпријатие за јавен превоз, но автобуси нема.