Таг: јавно претпријатие

таг: јавно претпријатие

Градски паркинг: На некои паркинзи во Скопје нема да се врши наплата за време на празниците

Бесплатно ќе биде паркирањето за време на божиќните празници - утре и задутре - на јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8 Септември, соопштуваат од јавното претпријатие Градски паркинг. „Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година. Кочо Рацин, Градска...

Возачите ја чекаат платата најдоцна до утре, ЈСП и понатаму се надева на Владата

Синдикалците на ЈСП Скопје, одлучија да му дадат нов рок на Јавното сообраќајно претпријатие, до утре (19.10.2022 г.) да им ја исплати заостанатата септемвриска плата. Во спротивно, како што велат, автобускиот превоз во Скопје ќе биде прекинат. Ветување дека до утре ќе биде исплатена платата, наводно, дало раководството на ЈСП Скопје, но под услов парите да ги обезбеди владата. Тие соопштија...

ЕУ чека, општините 7 месеци се договараат кој ќе управува со регионалната депонија во Свети Николе

Изградбата на првата локација во земјава на која што по европски стандарди ќе треба да се депонира и рециклира отпадот очајно доцни. Иако Општина Свети Николе во февруари годинава се согласи на формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, веќе седми месец 18-те општини од Источниот и Североисточниот плански регион не може да се согласат...

Општина Свети Николе се согласи на формирање на меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад

Со меѓусебни расправии и обвинувања меѓу власта и опозицијата, со девет гласа „за“ и шест „против“, Советот на општина Свети Николе на последната седница ја донесе одлуката за формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“. Ова идно претпријатие треба да биде со седиште во Општина Свети Николе, каде што ќе треба да се гради идниот...

Во Полог при крај е формирањето заедничко јавно претпријатие за управување на отпадот

При крај е процесот на основање на заедничкото јавно претпријатие (ЈПЕ) Русино за управување со отпадот во Полошкиот плански регион. Советите на општините во овој регион назначија членови на управниот одбор на ова претпријатие и првиот конститутивен состанок ќе се одржи денес, информираат од Центарот за развој на полошкиот плански регион. „Новоназначените членови се очекува да го усвојат статутот на...

Ахмеди: „Студенчица“ летово веројатно ќе има доволно вода за сите населени места

Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна, дознаваме од Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. „Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините не се пожалила на проблеми...

Во првите четири месеци од годинава, отстранети 1.587 непрописно паркирани возила во Центар

Со воведувањето на мерките со цел да се спречи ширењето на корона вирусот се намали движењето на човекот, а со тоа и неговите активности во сообраќајот. Јавното претпријатије „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) кое е задолжено за отстранување на неправилно паркираните возила на територијата на општина Центар, во периодот јануари - април годинава, отстранило вкупно 1.587 непрописно паркирани возила,...

Од среда паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ)” денеска соопшти дека од 8 јануари, среда, паркирањето за еден час ќе чини 20 денари повеќе отколку досега. Цените, пак, на месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти. „Во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со...

Error 1200: Најголемиот проблем на “градоначалникот“ во Тетово (видео)

Че Тим ТВ со поддршка на „Порталб.мк“ продолжува да го третира проблемот со немањето јавен превоз во Тетово. Засега, ова веројатно е најголемиот проблем на нашиот “градоначалник“. Иако градот Тетово со околината има над 100.000 жители, јавниот превоз и понатаму останува едно од неисполнетите ветувања за оваа општина. Градоначалничката Теута Арифи во два последователни мандати вети дека ќе се реши...

Општина Тетово по вторпат формира претпријатие за јавен превоз, но автобуси нема

Иако сè уште нема автобуси ниту организиран јавен превоз, Општина Тетово по вторпат го основа претпријатието за јавен превоз „Тетово Транспорт“. Ова претпријатие веќе има директор, но се очекува истото да „заживее“ кога Тетово ќе има возила за превоз. Дотогаш, жителите на градот повторно ќе чекаат на јавен превоз, пишува „Порталб.мк“. Во ноември 2014 година, Советот на општина Тетово донесе...

Шилегов најави ново јавно претпријатие за улични кучиња

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов донесе одлука од денеска да почне постапка за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни, со што стационарот „Вардариште“ ќе биде минато. „Стационарот „Вардариште“ повеќе нема да биде во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, туку ќе добие еднаков статус со другите јавни претпријатија кои се занимаваат...

Државата ја презеде грижата за колекторот на Охридско Езеро

Владата на вчерашната седница донесе одлука да ја преземе грижата за колекторскиот систем на Охридското Езеро, ставајќи со тоа крај на маките со меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое беше нефункционално и создаваше загуби и не се грижеше за колекторот на загадени и отпадни води. Со одлуката за формирање Јавно претпријатие „Колекторски систем“, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно...

Кривична пријава за бившиот градоначалник на Василево, Ванчо Стојанов

Ванчо Стојанов (50), претходниот градоначалник на општина Василево, како и Л.Н. (44), в.д. директор на Јавното претпријатие „Турија“, добија кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и за помагање во такво кривично дело. СВР Струмица ги товари за злоупотреба на машина на јавното претпријатие за насипување песок за улица во селото Едрениково, која не била во урбанистичкиот план. Според...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...