fbpx

Општина Тетово по вторпат формира претпријатие за јавен превоз, но автобуси нема

-

Иако сè уште нема автобуси ниту организиран јавен превоз, Општина Тетово по вторпат го основа претпријатието за јавен превоз „Тетово Транспорт“. Ова претпријатие веќе има директор, но се очекува истото да „заживее“ кога Тетово ќе има возила за превоз. Дотогаш, жителите на градот повторно ќе чекаат на јавен превоз, пишува „Порталб.мк“.

Во ноември 2014 година, Советот на општина Тетово донесе одлука за основање претпријатие за јавен превоз. По вторпат, општината во септември годинава основаше јавно претпријатие за јавен превоз.

Оваа претпријатие со години беше нефункционално, немаше автобуси, иако со години се ветуваше дека ќе се купат.

Бидејќи претпријатието не успеа да се стави во функција, и покрај тоа што имаше управен и надзорен одбор, истото претпријатие за јавен превоз е основано по вторпат. Како резултат на тоа што првичното претпријатие не се стави во функција, автоматски престана да работи заради законските рокови за негово ставање во функција.

Ова предизвика реакции кај граѓаните кои велат дека веќе имаат “две јавни претпријатија за превоз, но немаат автобуси“.

Како и да е, директорот на претпријатието за јавен превоз ЈП „Тетово транспорт“, Фејсал Беадини, за „Порталб.мк“ вели дека не станува збор за основање на паралелно претпријатие, туку за повторување на постапката за основање.

– Во моментот кога актите за основање ќе бидат пратени до централниот регистар за регистрација на претпријатието, тие ќе бидат валидни и ќе се започне со работа. Актите сега ќе бидат пратени до Централниот регистар веднаш штом ќе станат официјални, а ќе бидат објавени во Службениот весник на општина Тетово во законски рок – вели Беадини за „Порталб.мк“.

Во врска со организацијата на јавниот превоз во Тетово, Беадини изјави дека возниот ред, линиите и автобуските станици се во фаза на подготовка и сè уште не се завршени, а откако ќе бидат подготвени, ќе бидат испратени до Советот на општината за одобрување и ќе бидат објавени.

Инаку, од општината информираат дека аплицирале за заем од Светска банка за набавка на автобуси, но од таму сè уште нема информации дали да ќе го одобрат ова задолжување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...