fbpx

Не е точно дека Тетово има купено електричен автобус, како што пренесоа медиумите

-

Не е вистина веста дека Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ има набавено електричен автобус, кој ќе биде промовиран денеска. Претпријатието издаде соопштение во кое истакнува дека ќе се промовира електричен автобус, а не дека купило, како што објавија медиумите, пишува Порталб.мк.

Компанијата во своето соопштение не посочи дека се работи за набавка на нов автобус. Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ завчера преку соопштение на Фејсбук информира дека денеска, петок, 30 септември ќе биде претставен електричен автобус.

Во соопштението во ниту еден момент не пишува дека претпријатието набавило електричен автобус, сепак начинот на кој е напишано, е лош и непрецизиран и остава простор за недоразбирање.

Целосното соопштение на компанијата „Тетово транспорт“:

Без да проверат дали претпријатието набавило ваков автобус и што точно е планирано, некои медиуми ја пренесоа веста дека Тетово има набавено електричен автобус, создавајќи така лажна претстава во јавноста.

Користените наслови се погрешни и во вестите не е објаснета реалната состојба, во некои стои само соопштението од компанијата, а други толкуваа дека компанијата набавила електричен автобус.

Директорот на ЈП „Тетово транспорт“, на прашање од Порталб.мк дали овој автобус е купен или е донација, рече дека електричниот автобус е промоција на компанијата ISUZU, додека тие како компанија прават проект за набавка на електрични автобуси во односи.

Дури и официјално од компанијата за Порталб.мк објавија дека не се работи за нов автобус, туку само станува збор за промоција.

„Бидејќи нашето претпријатие ЈП „Тетово транспорт“ – Тетово користи автобуси од брендот ISUZU, тие предложија промоција на нивниот најнов производ како нивна најнова иновација. Единствена цел на ова е и во нашиот град да го промовира најновиот модел, електричниот автобус ISUZU NOVOciti, активност што ќе се спроведува и во други градови на РСМ кои имаат јавен превоз“, велат од оваа компанија.

А за тоа дали компанијата ќе купи некој таков тип, велат дека немаат доволен буџет за таков автобус.

Одговарајќи на еден советник за електричниот автобус, на завчерашната седница на Советот на општина Тетово, советник од движењето Беса, Арбер Ајдини, кој е и вработен во претпријатието „Тетово транспорт“, рече дека е погрешно разбрано дека компанијата набавила електричен автобус.

„Се работи за промоција на компанијата ISUZU, првиот автобус ќе дојде во Тетово, а тие ќе прават промоции во сите градови, еден од избраните градови е и нашиот, сепак се работи за промоција“, рече Ајдини.

Тетовци денеска, 30 септември, петок, ќе можат бесплатно да го користат електричниот автобус што ќе кружи низ Тетово.

Јавното сообраќајно претпријатие во Тетово располага со пет автобуси кои се купени со заем од 1,2 милиони евра од Светска банка, кој го доби Општина Тетово, кој ќе се плаќа 13 години, со каматна стапка од 3 отсто.

Автор: Фисник Џелили

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...