Распишан тендерот за набавка на градски автобуси за Тетово, повикот трае до 15 јули

-

Тетово наскоро треба да добие нови градски автобуси со кои ќе може да профункционира јавниот превоз во градот. Општина Тетово го распиша повикот за доставување понуди од заинтересираните компании за набавка на автобуси за јавен превоз. Тендерот е отворен за доставување на понуди до 15 јули, а процесот на понудување и избор на фирмата ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка. Новите автобуси ќе се набават преку Проектот за подобрување на општинските услуги, за кој земјава има добиено кредит од Светската банка.

Паралелно со тендерот за набавка на градските автобуси, општинските власти од Тетово го распишаа и огласот за набавка на урбана опрема и автобуски постојки што ќе бидат во функција на одржување на идниот јавен превоз. Општината минатата есен основаше и второ по ред јавно претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“, кое не можеше да отпочне со работа за одржување на линиите поради тоа што немаше возила за превоз на патници.

Тетово е еден од поголемите градови во земјава што со години наназад безуспешно се обидува да го возобнови јавниот превоз и да ги врати автобуските линии во функција. Градот во моментов се соочува со сообраќаен хаос, а очекувањата се дека со набавката на нови автобуси и воспоставување на јавниот превоз ќе се намали користењето на автомобилите од страна на граѓаните.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...