Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

-

Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите.

Општина Тетово на 12 јуни го објави повикот за доставување на понуди од страна на заинтересираните компании за набавка на автобусите за градски превоз. Рокот за доставување на понудите беше 15 јули, но поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, истиот беше продолжен до 24 јули.

– Моментално, се разгледуваат документите на секој економски оператор што доставил понуда – велат од Општина Тетово.

Според Општина Тетово, сè уште тече постапката во која комисијата врши проверка на документите на компаниите кои аплицирале.

– После отворањето, следи постапка во која комисијата врши верификација на документацијата и понудите и овој рок сè уште тече – рекоа за „Порталб.мк“ од Општина Тетово.

Ветувањето за повторно воведување на јавниот превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово го даде во нејзиниот прв мандат во Програмата за локалните избори за 2013 година со наслов Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година.

Истото ветување, Арифи го даде и на прес конференција еден ден пред новата 2020 година, и според неа, набавката за автобусите се очекуваше да заврши на крајот на јануари 2020 година.

Во март 2020 година од Општина Тетово информираа дека јавната набавка не е сè уште започната.

На крајот на мај 2020 година, од општината рекоа дека пандемијата влијаела врз овој процес. Конечно, во јуни 2020 година беше објавен тендерот за купување на автобусите. Инаку, Општина Тетово во септември 2019 година по вторпат основаше јавно претпријатие за градски превоз „Тетово Транспорт“.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...