fbpx

Навршуваат два месеци од прекинот на јавниот превоз во Тетово, граѓаните бараат да се врати

-

Поминаа околу два месеца откако јавниот превоз во Тетово се прекина, што според општинските власти, беше направено поради неправилности во претпријатието. Денеска, по толку време, граѓаните бараат враќање на истиот, а тетовскиот градоначалник вели дека претпријатието има акциски план кој наскоро ќе биде споделен со јавноста, додека в.д. директорот на јавното сообраќајно претпријатие не одговара на телефонските повици и смс пораките, пишува Порталб.мк.

Тетовските автобуси на 7 февруари ќе наполнат два месеци како се паркирани откако беше прекинато вршењето на јавен превоз со нив, одлука која според општинските власти беше усвоена поради хаосот, неосигурувањето на вработените, поради тоа што претпријатието не било регистрирано и вработените во ЈП „Транспорт Тетово“ фигурирале како вработени во општината, како и поради други бројни неправилности.

Граѓаните не знаат кога автобусите ќе бидат пуштени во употреба, па бараат истите да се вратат во сообраќај, бидејќи му потребни се на градот, сметаат тие.

„Помина долго време откако ги стопираа, но мислам дека треба да ги пуштат повторно во употреба, бидејќи сега ќе им бидат од помош на учениците, кои уште малку ќе тргнат на училиште, како и на студентите, кои повторно ќе започнат со предавања или испити. Сега е студено, но не знам што прават“, вели еден граѓанин.

„Редовно го користев иако имаше постојани промени во распоредот, бидејќи живеам во студентски дом и автобусот застануваше точно пред универзитетот со што штедев време до центар, бидејќи да патувате со такси секојдневно е неисплатливо, а пак пешачењето во двата правци трае околу еден час“, рече еден студент.

„Автобусите им се потребни на граѓаните, ги користат, и според тоа што го имам слушнато тие (н.з. од општината) рекле дека треба да средат некоја работа за да ги пуштат во употреба, и не знам што се прави, но треба да се пуштат“, рече друг граѓанин.

На прашањето кога автобусите ќе бидат повторно во функција, градоначалникот на Тетово Билјал Касами рече дека јавното сообраќајно претпријатие има изготвено акциски план за претстојнава година и сигурно е дека наскоро ќе имаат прес-конференција за ревитализација или пуштање во функција на јавниот превоз.

„Во моментов директорот и претпријатието работат на изработка на план и потоа ќе се појават пред јавноста со сеопфатен план за тоа како јавното сообраќајно претпријатие да биде функционално и да биде во служба на граѓаните“, рече Билал Касами.

Се обидовме да контактираме и со в.д. директорот на претпријатието „Тетово транспорт“ Рафиз Мејдија, но тој не одговори на нашиот телефонски повик и на смс пораката. Ова е втор пат затоа што и пред неколку недели му се јавивме и му напишавме порака за истото прашање, но исходот беше ист, без одговор.

Тетовскиот јавен превоз уште од неговото пуштање во употреба постојано се соочува со различни предизвици. Пред само два месеци, јавниот превоз престана да работи, причина за прекинот на четирите линии беше прекинот на снабдувањето со гориво од бензинската пумпа. Тогаш беше одлучено да работи само линијата број еден. Потоа повторно линијата беше прекината и повторно беше пуштена во функција. А пак последен пат беше прекината на 7 декември.

Инаку, автобусите на јавниот превоз на Тетово беа пуштени во употреба во средината на август 2021 година. Автобусите се купени со заем од 1,2 милиони евра, кој го доби општина Тетово од Светска банка, а која ќе се плаќа 13 години, со каматна стапка од 3 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...