fbpx

Порталб: Од денеска започна да функционира јавниот превоз во Тетово, возењето сé уште е бесплатно

-

Денеска почнаа да сообраќаат редовните автобуски линии во Тетово, со распоред од понеделник до сабота, во периодот од 06 до 20 часот. Билетите сé уште не се во продажба, затоа возењето сé уште е бесплатно, но според ЈП „Тетово транспорт“ билетите ќе бидат готови набргу. Порталб.мк испрати прашања до ова претпријатие во врска со работата на автобусите, но одговорот што го добивме беше дека тие чекаат финализација без да дадат дополнителни детали, пишува Порталб.мк.

Во отсуство на соодветни средства за информации за изградените станици, компанијата го објавува возниот ред на Facebook, иако не сите граѓани го користат истиот.

На прашањето зошто информативните табли на станиците сé уште не се поставени и до каде е работата со веб-страницата на фирмата, од ЈП „Тетово Транспорт“ рекоа дека го чекаат финализирањето на она што останало недовршено.

Од ЈП „Тетово транспорт“, велат дека возењето со автобус уште е бесплатно.

Ова се прашањата за кои Порталб.мк побара одговори од ЈП „Тетово транспорт“

  1. Зошто автобусите нема да работат во недела?
  2. До каде е постапката за телефонски билети за што ги кажа директорот Спировски?
  3. Дали сите 5 автобуси ќе бидат пуштени во употреба?
  4. Дали на автобусите им се доделени броеви за граѓаните да знаат по која линија минуваат?
  5. Зошто уште не се поставени информативни табли на станиците?
  6. Во која фаза се работите за веб-страницата на претпријатието, кога ќе биде готова?
  7. Според вас, каков е интересот на граѓаните, колку ги користат автобусите?
  8. Кои други одлуки беа донесени во овој период кога автобусите работеа бесплатно?

За сите овие прашања, Порталб.мк побара од ЈП „Тетово транспорт“ документ со одлуки донесени во врска со работата на автобусите.

„Сé уште го чекаме финализирањето на она што остана недовршено. По неколку дена ќе ве известиме за продажните места на билетите. Кога ќе бидеме подготвени ќе ве известиме“, беше одговорот што го добивме за сите горенаведени прашања од ЈП „Тетово транспорт“.

Сепак, потсетуваме дека пред неколку дена претседателот на Советот на општина Тетово, Беким Мемети за Порталб.мк рече дека печатените материјали за линиите што треба да се залепат на автобусите, за тоа каде и по кој редослед ќе поминат се при крај и верува дека кога ќе започне нормалниот превоз, и тие ќе се залепат. Тој рече дека билетите за автобус веќе се подготвени за продажба и истите може да се купат на киосци и продавници што се најблиску до местата каде што ќе застанат автобусите.

Ова се трите линии по кои ќе сообраќаат тетовски автобуси:

  • Линија број 1

На секои 30 минути, со почеток во 06:00 часот

Поаѓање од:

„Автобуска станица“, „Зелен пазар“, „Центар“, „Шарена џамија“, „Средно медицинско училиште“, „Универзитет во Тетово“, „Универзитет на Југоисточна Европа“.

Враќање од:

“Универзитет на Југоисточна Европа”, “Универзитет во Тетово”, “Средно медицинско училиште”, “Шарена џамија “, “Центар”, “Зелен пазар”, “Палма Мол”, “Автобуска станица”.

  • Линија број 2

На секои 45 минути, со почеток во 06:00 часот.

Поаѓање од:

„Автобуска станица“, „Зелен пазар“, „Центар“, „Шарена џамија“, „Улица на жичарата“, „Арабати Баба Tеќе“, „Мала Речица“, „С. Голема Речица“.

Враќање од:

„С. Голема Речица”, „Универзитет на Југоисточна Европа”, „Мала Речица“, „Арабати Баба Tеќе“, „Улица на жичарата“, „Шарена џамија“, “Центар”, “Зелен Пазар”, “Палма Мол” , “Автобуска станица”.

  • Линија број 3

На секои 45 минути, со почеток во 06:00.

Поаѓање од:

„Автобуска станица“, „Зелен пазар“, „Ул. Тетовчанка“, „Касарна“, „Дреновец“, „ С. Порој“, “С. Џепчиште”.

Враќање од:

„С. Џепчиште“, „С. Порој“, „Дреновец“, „Музичко училиште“, „Центар“, „Зелен пазар“, „Палма мол“, „Автобуска станица“.

Директорот на Јавното претпријатие „Тетово транспорт“, Дарко Спировски во интервју за Порталб.мк изјави дека сега се создадени минимални услови за работа на автобусите на јавниот превоз во Тетово. Иако Претпријатието е формирано, некои работи и понатаму се недовршени, а за тоа, според Спировски е потребно време.

Инаку, ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во нејзиниот прв мандат во Програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, додека истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...