fbpx

Порталб: За 9 дена Тетово треба да има пет градски автобуси, aко не ги донесат ќе има казни

-

Остануваат девет дена од крајниот рок кога петте автобуси за јавен превоз треба да пристигнат во Тетово. Претседателот на Советот на општината, Беким Мемети, за „Порталб.мк“ изјави дека автобусите ќе пристигнат на време бидејќи во спротивно, ќе има казни за соодветната компанија.

„Рокот од датумот на потпишување на договорот до датумот на испорака на автобусите е шест недели, тие сè уште не поминале, но верувам дека компанијата што го доби тендерот ќе ги донесе на време затоа што ако не ги донесе тогаш има казна”, рече Мемети.

Според претседателот на советот, цената за патување ќе биде 20 денари. Сепак, ова не е официјално бидејќи документот со нови цени треба да го изгласа општинскиот совет, по предлог на ЈП „Тетово Транспорт“, каде директор е Фејсал Беадини.

Беадини за „Порталб.мк“ потврди дека ценовникот е подготвен, сепак, тој не може да биде објавен, бидејќи сè уште не е официјализиран, односно не е изгласан пред општинскиот совет.

Потсетуваме, на 4 декември беше потпишан договор помеѓу општина Тетово и компанијата „Аутомакедонија“ за набавка на пет автобуси кои ќе се користат за јавен превоз. „Порталб.мк“ дознава дека овие автобуси кои чинеле вкупно 44 милиони денари се од моделот „Isuzu Citiport“.

Неколку автобуски постројки се наоѓаат во најпрометните делови на градот, почнувајќи од влезот на градот, центарот (Основниот суд) до универзитетската улица.

Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во првиот мандат во Програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи не е исполнето.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по втор пат го основа јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првото не беше ставено во функција и поради законски рокови за функционирање, истото автоматски престана да работи, а на последниот состанок на Советот на општината беше изгласан статут.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...