fbpx

Проектната документација за набавка на градски автобуси за Тетово е во завршна фаза

-

Постапката за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово е во завршна фаза во делот на подготовка на проектната документација, што значи дека општината сè уште нема поднесено барање за кредит во Светска банка, пишува „Порталб.мк“.

Подготовката на проектната документација доаѓа откако претходно беше одобрена техничката документација, која вчера беше објавена на владината седница што се одржа во Тетово.

„Преку проектот за подобрување на општинските услуги, што се спроведува од Министерството за финансии со поддршка на Светската банка и ЕК, техничката документација на Општина Тетово за набавка на автобуси е одобрена“, се вели во владиното соопштение.

Министерството за финансии информира дека по завршувањето и одобрувањето на проектната документација, треба да биде потпишан конечен договор за кредит со Светската банка. Потоа, Општина Тетово треба да објави тендер за набавка на автобуси.

„Првиот момент е техничката документација, со која тие покажуваат дека сакаат да аплицираат. А ние велиме дека во ред е да аплицирате за тој проблем – автобусите. Потоа следува проектната документација, конкретниот проект со сите детали, којшто колку што знам е во завршна фаза. На крајот, кога документот ќе биде финален, се потпишува договор и се отвора повик за јавни набавки, а потоа автобусите ќе се набават“, информираат од Министерството за финансии.

Општина Тетово во септември годинава по втор пат го основаше јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првото не се стави воопшто во функција, а истото престанало со работа по автоматизам заради пропишаните законски рокови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...