fbpx

Порталб: Автобуските постојки во Тетово останаа недовршени

-

Автобуските постојки во Тетово сè уште не се опремени со столчиња. Од претпријатието „Тетово Транспорт“ минатиот месец ветија дека првата работа што ќе ја направат по преземањето на сопственоста над постојките ќе биде нивното опремување со столчиња. Денес постојките се во сопственост на претпријатието, но и понатаму нема места каде патниците може да седнат. За да не чекаат стоејќи, граѓаните се служат со столчиња за домаќинства или други импровизации, пишува Порталб.мк.

Поради недостигот на соодветни столчиња на некои постојки, како онаа кај Тетовскиот суд, граѓаните честопати на своја иницијатива поставуваат столчиња од нивниот домашен мебел.

Фото: Фисник Џелили/Порталб

Во септември на прашањето поставено од Порталб.мк околу тоа зошто постојките сè уште не се опремени со седишта наменети за патниците кои во нив чекаат автобус, од Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“, одговорија дека тие не се надлежни за тој дел, затоа што автобуските постојки се во сопственост на Општина Тетово.

„По преминување на автобуските постојки во сопственост на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово, прва работа што ќе се направи ќе биде поставувањето на седишта во постојките“, соопштија од „Тетово Транспорт“ на 6 септември.

Автобуските постојки преминаа во сопственост на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ на 28 септември, на третата седница на Советот на Општина Тетово, поконкретно со точка 26 од дневниот ред.

На прашањето на Порталб.мк околу тоа кога постојките ќе се опремат со седишта, од Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ не добивме одговор.

Деветте автобуски постојки, иако чинеа по околу 4.524 евра, пред околу една година беа заменети со нови стаклени, но и во нив сè уште нема седишта за патниците.

Инаку, „Тетово транспорт“ работи со загуба. Според раководството на претпријатието, зголемувањето на цената на нафтата им ги намалило приходите, а цената на билетот останала иста. На последната седница Советот на општината донираше три милиони денари за покривање на трошоците на ова претпријатие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...