fbpx

ЕУ одлучи договорот со „Фронтекс“ да се потпише на македонски јазик, без фусноти и ѕвездички

-

Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ вчера донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија. Договорот се очекува да биде потпишан на 20 октомври, при што договорот во дупликат ќе биде изработен на македонски јазик, без фусности и ѕвездички.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера објасни дека договорот со „Фронтекс“ е првиот од многуте договори со Европската Унија коишто ќе ги потпишеме на македонски јазик, како рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

„Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, со овој договор, но и со преведувањето на целокупното европско законодавство добива исклучително важна потврда. Државните, националните интереси и интересите на граѓаните се во фокусот на оваа Влада и никогаш нема да отстапиме од нив“, порача премиерот Ковачевски.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан, како земја која моментално претседава со Советот на ЕУ, по донесувањето на вчерашната одлука рече дека ЕУ и Западен Балкан споделуваат заеднички миграциски предизвици и единствениот начин за нивно решавање е преку заедничка акција.

„Договорот со Северна Македонија е важен чекор во оваа соработка. Со ова на „Фронтекс“ ќе му се овозможи да обезбеди конкретна поддршка на теренот во корист и на Северна Македонија, како и на земјите од ЕУ“, изјави Ракушан.

Договорот што ќе го потпише земјава со „Фронтекс“ ќе биде изработен во дупликат на следниве јазици: бугарски, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, летонски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански, шведски и македонски јазик.

Инаку, потпишувањето на договорот меѓу „Фронтекс“ и нашата земја досега беше блокирано поради одбивањето на Бугарија да ги прифати зборовите „македонски јазик“ во текстот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...