fbpx

Порталб: Тетово без посебна лента за автобуси, јавниот превоз може да го отежни сообраќајниот метеж

-

Општина Тетово нема изнајдено решение за сообраќајниот метеж што со години го спречува слободното движење на возилата. Проблемот ќе биде отежнат кога во сообраќај ќе се воведат и автобусите како дел од градскиот превоз, за кои не е обезбедена посебна лента или барем не е планирано ефикасно организирање на сообраќајот. Одлуката за купувањето на автобусите ќе биде бесмислена ако тие се блокирани во сообраќај, исто како и другите возила, и граѓаните уште повеќе ќе доцнат во извршувањето на нивните обврски, пишува Порталб.мк.

Остана уште еден месец од кога се очекува градскиот превоз во Тетово да стане функционален. Општина Тетово ги определи локациите од каде ќе тргнуваат автобусите, а определени се и постојките. Меѓутоа, дали тетовската инфраструктура и моменталниот сообраќај се подготвени за нормално функционирање на пет градски автобуси, разговаравме со сообраќајниот експерт Блерим Неими.

Дали е доволно вклучување на автобусите без да се создаде простор за нивно нормално функционирање?

Во однос на ова, според професорот и експерт за сообраќај, Блерим Неими, инфраструктурните услови во Тетово не се толку поволни моментално. Тој истакна дека чекаат да се разгледаат правците што би биле утврдени од страна на надлежните лица.

„Условите не се многу поволни што се однесува до инфраструктурата на градскиот превоз. Претходно, многу важна улога ќе има фактот во какви ленти ќе се движат автобусите, нешто што ќе биде утврдено од страна на надлежни лица. Ќе треба да се види во патните правци, колку ќе има места за паркирање на возилата и колку ќе можат да создадат простор за непречено функционирање на градскиот превоз“, рече Блерим Неими, сообраќаен експерт.

Тој ја нагласи важноста на посебна лента што би овозможила автобусите да пристигнуваат до нивната дестинација навремено и без дополнителни проблеми, а моментално, градот Тетово нема такво нешто.

„Градскиот превоз би бил добро решение за градот Тетово, конкретно, доколку се обезбеди посебна дополнителна лента за автобусите како и забрзување на времетраењето на возење или распоредот“, рече Неими.

Што треба да се направи?

Според Неими, во насока на задоволителна функционалност на јавниот превоз во Тетово најпрво треба да се исполнат неколку услови, и тоа: да има доволно места за паркирање на возилата, да има посебни места за застанување на автобусите и да има посебна лента за автобусите како што има во другите градови што имаат јавен превоз.

Општината сѐ уште без одговор

Новинарот на Порталб.мк постави неколку прашања до Општина Тетово во однос на организирањето на јавниот превоз. Меѓутоа, локалните власти сѐ уште не одговориле. Во продолжение се прашањата што останаа без одговор:

1. Дали Општина Тетово обезбедила инфраструктурни услови за нормално функционирање на градскиот превоз?

2. Дали ќе има посебна лента за сообраќај на автобусите?

3. Дали се планира посебен режим во сообраќај (каков?)

4. Дали ќе биде можно автобусот навреме да пристигне до неговата дестинација, со оглед дека јавниот превоз во главно ќе го користат студентите? Кој ќе сноси одговорност доколку постојано има доцнење поради сообраќајниот хаос?

За да се исплатат новите автобуси ќе бидат потребни 13 години

Кредитот од 1,2 милиони евра што го подигна Општина Тетово ќе почне да се исплаќа после три години, со каматна стапка од 3 отсто. Ова го потврди министерот за финансии, Фатмир Бесими. Според тоа, идниот градоначалник на Општина Тетово освен плаќањето на автобусите, ќе се соочи и со долгот од 9,4 милиони евра.

„Се работи за три тури што ќе ги опфатат сите делови на градот и ќе може да се користат од страна на нашите граѓани. Ова е реализирано во соработка со Светската Банка за подобрување на општинските услуги, за што потоа општините аплицираат и добиваат кредит за реализација на овие проекти. Станува збор за 13-годишна категорија со една каматна стапка од 3 отсто. Во дадениот случај, општината аплицираше и доби средства во износ од 1,2 милиони евра, меѓутоа во текот на набавката, поради транспарентноста, тука општината заштедила и реализирани се само 720 илјади евра а останатиот дел од средствата од 1,2 милиони евра останува на располагање за општината на Тетово, за други проекти што би го подобриле животниот квалитет на граѓаните“, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

Инаку, постапките за регистрација на автобусите, како и за ценовникот за билетите за јавен превоз се завршени. Се очекува систематизацијата на работници во Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“, како и да се обезбедат возачи и администрација. Се очекува во текот на месец март за прв пат да биде пуштен во функција јавниот превоз во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...