fbpx

Во првите 6 месеци од Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност не е исполнета ниту една обврска

-

Фондацијата „Метаморфозис“ изготви Извештај за проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план (АП) на Стратегијата за транспарентност (2019-2021) во првите шест месеци (ноември 2019-мај 2020).

Мониторингот го проценува спроведувањето на АП во две димензии: дали се спроведува навремено и дали се спроведува целосно во случаен примерок од 50 институции: 16 министерства и 34 органи и тела на извршната власт. На прашалниците одговориле 19 институции: 8 министерства и 11 извршни агенции.

Според Акцискиот план, во периодот помеѓу ноември 2019 и мај 2020 било предвидено Владата и сите институции да го реализираат делегирањето на моќта за донесување одлуки од јавните службеници на овластените службеници во постапките за пристап до информации.

„Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ќе создаде прирачници и упатства за примена на принципот на делегирање на моќ и почитување на роковите за одлуки. Владата и Агенцијата ќе потпишат меморандум за соработка, со кој ќе се оформи редовната комуникација меѓу двете институции за откриени неправилности и преземање мерки против истите. Оваа соработка ќе биде овозможена преку ангажирање персонал од Владата чиј опис на работата ќе се фокусира на комуникација и анализирање на податоците и информациите добиени од Агенцијата во врска со работењето на институциите. Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност ќе подготви нацрт заклучоци засновани на годишниот извештај на Агенцијата, усвоен од Собранието, за тоа како да се решат предизвиците откриени со соодветниот извештај,“ е наведено во Акцискиот план.

Но, мониторингот спроведен од Фондацијата „Метаморфозис“ покажува дека ниту една од овие обврски не е завршена.

„Генералниот секретаријат при Владата известува дека нацрт-образец за одлуката за делегирање на моќта за донесување одлуки за барања за пристап до информации од јавните службеници до овластените службеници бил подготвен од страна на Агенцијата и се планирало за него да се расправа на седница на Владата. Меѓутоа, ова било отстрането од дневниот ред, како резултат на забелешките дадени од Секретаријатот за законодавство. Две институции, Министерството за надворешни работи (од август 2018 година) и Министерството за финансии (од јануари 2020 година), известуваат дека потпишале одлука за делегирање на моќта за донесување одлуки за барања за пристап до информации до јавни службеници, но тоа е очигледно по сопствена иницијатива, а не барање на Генералниот секретаријат и би сакале да го истакнеме како позитивен пример,“ се вели во Извештајот.

Во него се додава дека „што се однесува до воспоставувањето тесна соработка меѓу Владата и Агенцијата, Генералниот секретаријат известува дека потпишувањето на Меморандумот за соработка е одложено поради планот за организирање на избори во април 2020 година, коишто беа одложени поради епидемијата со Ковид-19 во земјата.“

„Генералниот секретаријат исто така известува дека доставил акт за систематизација на новите вработувања до Министерството за информатичко општество и администрација, но неговото одобрување е одложено поради епидемијата со Ковид-19. Што се однесува до изготвувањето заклучоци што треба да се преземе како одговор на извештајот за Агенцијата одобрен од Собранието, Генералниот секретаријат не известува за каков било напредок во врска со ова,“ се вели во Извештајот.

Генералниот секретаријат известува за политиката за 21 документ како список на минималниот број документи коишто треба да ги објават и ажурираат институциите.

„Меѓутоа, Стратегијата планира да ја прошири политиката за 21 документ, која не е спроведена. Затоа, не е соодветно да се проценува бројот на документи што ги објавува секоја институција, бидејќи новата политика сè уште не е воведена. Покрај тоа, сè уште не е ажурирана алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, ниту пак е ангажиран нов персонал за да го надгледуваат нејзиното спроведување. Слично на тоа, организациската единица при Генералниот секретаријат за следење на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност сè уште не е екипирана. Неуспехот да се активира оваа единица е секако главната причина за неуспех и причината за одложувањето на многу активности,“ покажува мониторингот.

Недостатокот на извештај за спроведувањето на Стратегијата е исто така директна последица од отсуството на централна единица за следење.

„Генералниот секретаријат очекува оваа единица да биде функционална до крајот на август или почетокот на септември 2020 година. Владата не ги подготви упатствата за унифицирање на форматите и содржината на веб-страниците на извршните институции и, како што е соопштено, кампањата за подигање на свеста за правото на слободен пристап до информации е одложена за мај 2020 година,“ се вели во Извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...