fbpx

Во септември се бележи раст на казните за неносење заштитна маска (инфографик)

-

Полициските службеници изминатиот месец регистрирале 18.416 прекршоци за неносење маска низ градовите во земјава. Ако во текот на летото дневно се изрекуваа по 300 до 400 казни, во изминатиот месец се бележат дупло повеќе, односно од 600 до 800 казни. Постепениот раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19 доведува до построга контрола на полициските службеници во делот на носењето заштитни маски од страна на граѓаните.

Само во последните три дена регистрирани се 2.634 прекршоци од страна на полицијата, кои резултираат со парични казни. Во изминатото деноноќие, МВР евидентирало 874 луѓе кои не носеле заштитна маска на лицето.

„Мета.мк“ континуирано известува за прекршоците по овој основ. Во текот на летниот период, односно месеците јуни, јули и август, најмногу прекршоци за неносење маска (20.026) се регистрирани во месец јуни, а речиси двојно помалку се констатирани во текот на јули (11.054), покажуваат податоците на МВР.

Во последните 24 часа има 162 нови случаи на ковид-19, од направени 1.350 тестирања. Во Скопје и натаму има најголем број на заразени (7.100) и активни случаи (775) со корона вирус. Загрижувачки е што бројот на новозаболени случаи од ковид-19 во последниве денови расте во главниот град, особено на територијата на општините Аеродром и Центар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, а на оздравени пациенти е 15.068. Од ковид-19 во нашата земја досега починаа 743 лица, а бројот на активни случаи е 2.327. Досега се направени вкупно 190.127 тестирања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...