fbpx

Македонските аеродроми во август имале над 240.000 патници помалку во однос на лани (инфографик)

-

Корона кризата продолжува да влијае негативно врз авиосообраќајот во нашата земја. Низ портите на двата аеродрома во Скопје и Охрид во август 2020 година минале вкупно 76.344 патници, односно биле превезени над 240.000 помалку патници во споредба со истиот месец од минатата година. Во август 2019 година, на Меѓународниот аеродром Скопје имало над 260.000 патници, додека во осмиот месец од оваа година само 67.007 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Особено лоши се бројките за охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, којшто годинава воопшто не ги пречека традиционалните чартер летови со странски туристи. Лани во август, низ овој аеродром минале 57.954 патници, додека годинава биле превезени само 9.337 патници. Бројките се особено лоши за нашата земја не само поради глобалната криза што ја зафати авиоиндустријата поради ковид-19, туку и заради фактот што цело лето во нашата земја имаше голем број на активни случаи на заболени од ковид-19, со што се значително се отежна можноста странските гости да допатуваат на одмор во земјава но и нашите државјани да отпатуваат во земјите-членки на ЕУ.

Статистичките податоци за периодот јануари-август 2020 година покажуваат дека авиосообраќајот во земјава изгубил над 1,2 милиони патници само поради појавата на корона вирусот. Во првите осум месеци од годинава, со авион биле превезени 572.399 патници од двата аеродроми, наспроти минатогодишните бројки од 1.774.482 превезени патници во воздухопловниот превоз.

Огромни штети од ваквото намалување на бројот на превезени патници трпат не само авиокомпаниите, туку и концесионерот на аеродромите ТАВ и државните власти преку неинкасираните средства од авиосообраќајот и туризмот. Состојбата со авиосообраќајот не се очекува да се подобри ниту во зимските месеци, а авиокомпанијата „Визер“ веќе најави кратење на дестинациите и на фреквенциите на летови до кои ќе летаат тие од аеродромите во Скопје и Охрид за претстојниот зимски ред за летање. Дел од компаниите, како „Катар ервејс“, се одлучија воопшто да не ги одржуваат авио линиите од македонските аеродроми во текот на претстојната зима.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...