fbpx

Владата ќе ја разгледа препораката на ЕЕЗ за намалување на ДДВ-то на струјата

-

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фенон рече дека намалувањето на ДДВ-то на цената на струјата од 18 на пет проценти Владата ќе го разгледа, за да се види каков ќе биде импактот врз економијата.

„Сè што е добро за граѓаните е прифатливо. Но треба да пресметаме што тоа ќе значи за економската стабилност на државата, финансиските ресурси, да се разгледаат можностите и да се направат калкулации. Вредно е за разгледување, но мора да водиме грижа каков импакт ќе има на севкупното располагање на доволно ресурси за да помагаме со петти пакет на економијата. Но секоја препорака е вредна за внимание посебно кога доаѓа од служби како Европската енергетска заедница и верувам дека економските министри ќе ја разгледат и ќе оформиме заеднички став како Влада,“ одговори Заев на новинарско прашање, дали за Владата е прифатлив предлогот на Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) и на Регулаторната комисија за енергетика  за намалување на ДДВ-то на струјата.

Цената на струјата летово се зголеми за 7,4 проценти, а претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси Марко Бислимоски, кога ја соопшти ваквата одлука, даде и предлог за намалување на ДДВ-то од 18 на пет проценти за да се намали влијанието на порастот на цената на струјата врз џебот на крајните потрошувачи.

„Може да се прават и соодветни анализи во однос на ДДВ-то како што се случи минатата година со ДДВ-то на топлинска енергија кое што се намали од 18 на 5 проценти, односно тоа влијаеше и на намалување на цената некаде за 12 проценти,“ изјави тогаш Бислимоски.

Инаку, поскапувањето на струјата предизвика револт кај граѓаните, при што во континуитет во изминатиов период беа организирани протести низ неколку градови во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...