fbpx

Американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на ковид-19

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп преку социјалните мрежи потврди дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на корона вирус.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани за ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова” објави Трамп на својот Твитер профил.

По позитивниот тест за ковид-19, на својот Твитер профил се огласи и Меланија Трамп која напиша дека со сопругот се во карантин откако биле тестирани позитивни.

„Се чувствуваме добро, ги откажав сите планирани активности. Ве молам, останете безбедни, низ сето ова ќе поминеме заедно“ објави Меланија на Твитер.

Оваа вест доаѓа неколку часа подоцна откако Трамп изјави дека неговата блиска соработничка Хоуп Хикс е позитивна на ковид-19, поради што тој и неговата сопруга Меланија се тестирале за вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...