fbpx

Средба Бесими-Гир: Првата транша од 80 милиони евра од ЕУ пристигнува следната недела

-

Првата транша за Македонија во износ од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони евра макрофинансиска помош од ЕУ за надминување на кризата од корона вирусот, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими, со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително, ЕУ во рамки на Договорот за отпорност, обезбеди 40 милиони евра, грант средства. Тие ќе се наменат за нови бескаматни кредитни линии и грантови за поддршка на мали и средни компании, како и за поддршка на невработени лица.

Министерот Бесими на средбата ја истакнал силната определба на нашата земја за членство во Унијата, како и подготвеноста за спроведување на реформите.

„Ефикасно и ефективно управување со јавните финансии е услов за пристапување на земјата во ЕУ и ние во моментов сме фокусирани на креирање систем кој ќе овозможи стратешко буџетско планирање на долг рок и мерење на резултатите преку индикатори за успешност. Особено сме посветени на имплементација на структурните реформи за подобрување на конкурентноста и креирање работни места, во рамки на подготовка на Програмата за економски реформи, како предуслов за подобрено економско управување. Тоа е еден од фундаментите во евроинтегративниот процес“, рече Бесими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...