fbpx

Османи денеска во Берлин, утре на средби во Софија за деблокирање на почетокот на преговори со ЕУ

Набиена дипломатска агенда на министерот за надворешни работи Бујар Османи со фокус за деблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ. Османи денеска ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе има средба со државната министерка на Сојузна Република Германија...

Блинкен и Остин го посетија Кијив, Русија гаѓа железнички станици и термоелектрани

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин вчера ја реализираа посетата на Кијив, без претходно истата да ја потврди Белата куќа, пишува Би-би-си. Официјален Вашингтон не сакаше да го потврди патувањето сè додека двајцата американски функционери не се вратија безбедно...

Јанез Јанша со убедлив пораз по изборите во Словенија заминува од премиерското место

По повеќе од две години премиер на Словенија, Јанез Јанша ќе мора да си замине од премиерското место по резултатите од парламентарните избори што се одржаа вчера во Словенија. Неодамна формираната опозициска партија Движење Слобода на менаџерот Роберт Голоб освои 34,5 отсто од гласовите...

И покрај ЕУ санкциите, руски државен авион ја прелета Бугарија и слета во Белград

Руски државен авион Иљушин ИЛ-96-300, на специјален лет од Сочи, долета денеска претпладне во Белград преку Бугарија, иако оваа земја уште во февруари званично го затвори својот воздушен простор за руски авиони, јави телевизијата Н1. Авионот од Сочи, Русија полетал околу 8 часот наутро а...

Бугарскиот премиер со најава за кревање на ветото, но и за Македонија во ЕУ „најрано за 10 години“

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, навести дека неговата земја би можела да го крене ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ за полноправно членство, но и дека во текот на преговорите Бугарија ќе поставува услови. Петков е убеден дека Северна Македонија...

Вистиномер: Со ореви и мед не се лекуваат болести на тироидната жлезда

На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист. Клучно е...

Скејтпаркот во Тетово повторно запоставен, под ризик да се претвори во „џунгла“

Еден од ретките паркови во Тетово „Скејтпаркот“ повторно е запоставен и не се одржува од општинските власти. Високата трева може повторно да го претвори паркот во место кое тешко може да се нарече парк, а за тоа сведочат поразителните глетки од теренот. Невладините организации...

Од 1 мај се воведува бесплатен железнички превоз

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа: - Бесплатен превоз на млади лица до 27...

Украинските контранапади ја забавуваат руската офанзива на исток, се очекува евакуацијата на граѓаните на Мариупол

Руските трупи ја продолжуваат офанзивта во источниот регион Донбас во обид целосно да го заземат индустриското срце на Украина, но постигнаа мал напредок бидејќи жестоките украински контранапади ги забавија нивните напори, изјавија во саботата украинските и британските власти, пренесе Асошиетед Прес. Русија продолжува да се...

Вистиномер: Со стара фотографија од ирански брод во пламен се илустрира потонувањето на крстосувачот Москва

Фотографијата којашто е искористена во постот за да се претстави потонувањето на крстосувачот Москва, е стара и неповрзана со руската инвазија на Украина. Таа потекнува од јуни 2021 година од потонувањето на иранскиот брод во Оманскиот залив, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Девојка загина во силниот земјотрес во БиХ, утрово тресеше и во Хрватска

Девојка родена 1994 година загина во Босна и Херцеговина во општината Столац, откако голема карпа се срушила врз семејната куќа, каде што живеела со родителите, како последица на земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој се почувствува не само во БиХ,...

Во Тирана цената на сончогледовото масло се движи од 143 до 165 денари за литар

Супермаркетите и маалските продавници низ Тирана нудат најразлични видови масло за јадење, односно зејтин, од домашно и странско потекло. Тимот на Мета.мк посети неколку супермаркети и продавници во главниот град на Албанија и дојде до сознание дека најевтиниот вид сончогледово масло е „Кинг“ кое е...

Џонсон: Путин никогаш нема да го освои духот на украинците, следната недела ја реотвораме бритaнската амбасада во Кијив

На денешната конференција со новинарите одржана во Њу Делхи, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон рече дека британската амбасада во Кијив повторно ќе биде отворена следната недела, пренесува Би-би-си. Џонсон ја истакна храброста и успехот на украинскиот претседател, војниците и народот и ја посочи нивната...

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 99 случаи на ковид-19

Во изминатите 24 часа направени се 4.284 тестови и од нив регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 од кои 54 во Скопје, 23 во Битола, 6 во Штип, во Тетово, Велес, Охрид и Кичево по 3, по едно лице од Прилеп, Кавадарци, Гевгелија...

Вистиномер: Нема докази дека вакцината против ковид предизвикала сарком, од кој починала девојка

Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала сарком, од кој починала девојката чиј смртен случај е наведен во постот. Саркомот е карцином во сврзното ткиво, не се знае што го предизвикува. Има ризик фактори, но меѓу нив не се споменува вакцинацијата. Вакцините против ковид...

МЖСПП упатува порака за денот на планетата Земја – „Време е за партнерство за планетата!“

„Ова е моментот да се промени деловната клима, политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности за климата. Сега е време за непоколеблива храброст во зачувувањето и заштитата на нашето здравје, нашите семејства, нашите средства за живот… заедно, мораме да инвестираме во...

Уште не се знае врз основа на кој елаборат се исекоа дрвјата на „Страшо Пинџур“ во Тетово

Уште не се знае врз основа на кој елаборат, документација или постапка е дадена наредба за сечење на дрвјата на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово. Од општината, за Порталб.мк, рекоа дека на следната седница на Советот на општината ќе има детални информации за овој...

Тркалезна маса за дигитализација на високото образование: скап процес, а скромен буџет

Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска организираше тркалезна маса на тема „Дигитализација на високото образование – предизвици и можности“ каде беа презентирани клучните наоди и препораки од истоимениот документ за јавна политика, а беше презентирана и дигиталната алатка развиена од студентки за време на студентскиот...

Путин нареди блокада на фабриката Азовстал во Мариупол, Украина тврди дека Русија не може да ја заземе

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на нејзините сили да ги запрат нападите на челичарницата Азовстал во Мариупол, но и да го блокираат влезот и излезот во овој огромен индустриски комплекс. Ваквиот потег следи откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу призна дека...

Повеќе возење велосипед и понови возила се услов за поеколошки транспорт

Повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, да се покрене свеста за нашата околина, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, се дел од заклучоците...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...