fbpx

Џонсон: Путин никогаш нема да го освои духот на украинците, следната недела ја реотвораме бритaнската амбасада во Кијив

-

На денешната конференција со новинарите одржана во Њу Делхи, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон рече дека британската амбасада во Кијив повторно ќе биде отворена следната недела, пренесува Би-би-си.

Џонсон ја истакна храброста и успехот на украинскиот претседател, војниците и народот и ја посочи нивната отпорност на руските сили како значајна за Обединетото Кралство да направи потег во следниот период.

„Велика Британија и нашите сојузници нема да гледаат пасивно додека Владимир Путин продолжува со своите напади“, рече шефот на британската влада.

За време на конференцијата тој одговори и на прашањата во врска со средбата со неговиот колега и премиер на Индија, Нерандра Моди.

„Моди рече дека веќе неколку пати интервенирал да го праша рускиот претседател што мисли дека прави и каде мисли дека оди со своите постапки и нагласи дека сака русите да ја напуштат територијата на Украина, а јас целосно се согласувам со него“, изјави Џонсон.

Осврнувајќи се на прашањето на новинарите за разузнавачките служби кои сугерираат дека бомбардирањето може да трае се до следната година тој се согласи дека можно е воениот конфликт меѓу Русија и Украина да трае до крајот на следната година.

„Путин има огромна армија, но сега се наоѓа во многу тешка политичка позиција бидејќи направи катастрофална грешка. Сега единствената опција што му преостанува е да продолжи да се обидува да ги уништи украинците преку својот ужасен, артилериски пристап“, рече Џонсон.

Тој додаде дека без разлика на „воената супериорност“ што можеби Путин ќе може да ја донесе во текот на следните месеци, никогаш нема да може да го освои духот на украинскиот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...