fbpx

Вистиномер: Нема докази дека вакцината против ковид предизвикала сарком, од кој починала девојка

-

Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала сарком, од кој починала девојката чиј смртен случај е наведен во постот. Саркомот е карцином во сврзното ткиво, не се знае што го предизвикува. Има ризик фактори, но меѓу нив не се споменува вакцинацијата. Вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. мРНК вакцините не ја менуваат нашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак, пишува на официјалната страница за вакцинација во Р. Северна Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека вакцинирана девојка Чеферли Галон на дваесет и двегодишна возраст, која првата доза ја примила на 18 август 2021 година, била нападната и „по нападот“ и бил дијагностициран малиген сарком. Според постот, девојката починала на 20 март 2022 година од сарком четврти стадиум. Во постот се алудира дека вакцината претставува главната причина која што доведува до несакани последици кои во дадениот случај се манифестираат дури и со сарком и со смрт.

Во склоп на постот има три фотографии од девојката. На првата, која е од 18 август 2021 година, пишува дека таа ја примила првата доза. Потоа ја сменила профилната фотографија со известување дека е вакцинирана. Потоа, претставена е третата фотографија на којашто се известува дека починала.
Меѓутоа не е точно дека вакцинацијата е „напад“ и нема докази дека после вакцинацијата се развива сарком на матката, како што тоа било случај со девојката.
Саркомот е карцином во сврзното ткиво, кој може да се јави во кој било дел од телото. Стотици илјади пациенти и нивните семејства се борат со ова заболување. Уште не се знае што ги предизвикува саркомите, но има ризик фактори што го зголемуваат ризикот од негова појава. Меѓу тие ризик фактори не се наоѓа вакцинацијата. Ризик фактори се доколку некој член од семејството има сарком, постоење на генетско заболување, доколку пациентот бил изложен на радијација или зрачна терапија. Безболна грутка е првиот симптом. Со текот на времето таа расте и ги притиска нервите, мускулите и може да направи проблеми со дишењето. Со оглед на тоа дека се работи за вид на канцер, тоа значи дека може да се прошири на други делови од телото и да биде фатален ако продолжи да расте. Временскиот период за кој се очекува да порасне саркомот е многу варијабилен, но генерално може да порасне значително за недели до месеци.
Како што може да се види од блог постот во кој се споделува пост од сега починатата Чеферли Галон, таа посочува дека нејзиниот канцер е премногу раширен па операција не била опција и дека таа нема да користи хемотерапија и радијација. Меѓутоа, не постои доказ дека четвртиот стадиум на саркомот е поврзан со вакцинацијата. Нема информации кога канцерот настанал, колку време се ширел, дали бил присутен пред вакцинацијата. Тврдењето дека карциномот и вакцинацијата се поврзани е комплетна импровизација. Последните пет недели од својот живот девојката ги поминала врзана за кревет.

Американската организација за канцер веќе објасни дека пандемијата со ковид-19 се очекува да предизвика поголем морталитет на долги патеки од канцер, но поради одложена дијагностика, прекини во третманите, можноста пациентите да не одат на редовни превентивни контроли, како и фактот што милиони луѓе ќе останат без работа и без здравствено осигурување.

Вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер, наспроти тврдењето во постот што го рецензираме.

Тоа го пишуваат и проверувачите на факти на Ју Ес Еј тудеј.

Не постои механизам со кој ковид вакцината или која било друга вакцина може да предизвика ХИВ или СИДА, вели за Ројтерс доктор Бнар Талабани, доктор во Кардиф и истражувач и водач на иницијативата „ТимХејло“ која се занимава со прашањата околу ковид-19 вакцината.

Не постојат докази да го поткрепат ова тврдење и многу добар пример е како дезинформациите се конструираат за да се поигрува со стравот и да се разубедат луѓето да не примаат вакцини кои докажано се безбедни, по дадени 10 милијарди дози во светот. Вакцините против ковид или било кои други вакцини не можат да предизвикаат СИДА или ХИВ или да направат да бидеме поподложни на  каков било вирусвели доктор Бнар Талабани.

На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, посочено е дека вакцините против ковид 19 не може да предизвикаат рак.
„мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините мРНК ги учат клетките како да создадат протеин кој предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцините, пишува на официјалната страница за вакцинација во Република Северна Македонија.

Доктор Марк Шломчик, претседател на одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медиицна, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се невистинити.

Нема практичен начин, вакцината да предизвика рак. Ниедна вакцина која било кога сме ја проучувале или е користена за да се превенира инфекција, било кога била поврзана со канцер, вели тој.

Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два.

Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од Клиниката за хематологија, да се вакцинираат.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека нема докази дека вакцината предизвикала сарком од кој починала девојката чиј смртен случај е наведен во постот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...