Во Тирана цената на сончогледовото масло се движи од 143 до 165 денари за литар

-

Супермаркетите и маалските продавници низ Тирана нудат најразлични видови масло за јадење, односно зејтин, од домашно и странско потекло.

Тимот на Мета.мк посети неколку супермаркети и продавници во главниот град на Албанија и дојде до сознание дека најевтиниот вид сончогледово масло е „Кинг“ кое е увезено од Украина, при што литар чини 279 леки или околу 143 денари.

Украинско сончогледово масло „Кинг“ во супермаркет во Тирана, Албанија. Фото: Meta.mk.

Во албанските продавници може да се најдат десетици различни видови масла од домашно и странско потекло, oд албанскиот „Олим“ до унгарскиот „Флориол“. Дел од цените за литар од различни типови сончогледово масло се:

  • King – 279 леки или 143 денари
  • Solei – 299 леки или 154 денари
  • Gold – 300 леки или 154 денари
  • Olim – 309 леки или 159 денари
  • Diamond vitamin E – 309 леки 159 или
  • Floriol vitamin E – од 319 до 321 леки, зависно од продавницата, односно од 164 до 165 денари

Освен сончогледовото масло, во тиранските супермаркети има и алтернативи како масло од пченка oд италијанско потекло. Неговата цена се движи помеѓу 299 и 390 леки, односно од 154 денари за „Дајмонд“ до 200 денари за „Конад“.

Сончогледово и пченкарно масло во супермаркет во Тирана, Албанија. Фото: Meta.mk.

Цените на пченкарното масло се движат помеѓу:

  • Diamond – 299 леки или 154 денари
  • Olitalia – од 325 до 399 леки, зависно од типот и продавницата, односно меѓу 167 и 200 денари
  • Big market – 329 леки или 169 денари
  • OrMais – 339 леки или 174 денари
  • Zucchi – 360 леки или 185 денари
  • Conad – 390 леки или 200 денари

Во продавниците низ центарот на Тирана е достапно и маслиново масло од домашно албанско, како и грчко и италијанско потекло, со широк опсег на цени и пакувања.

Колку за споредба, сончогледовото масло во дел од македонските маркети може да се најде по цена од под 100 до 134 денари. За волја на вистината, во некои маркети е тешко да се дојде до овој производ бидејќи, едноставно, го нема на полиците.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...