Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:
– Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот;
– Бесплатен превоз на стари лица, жени над 62 години и мажи над 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);
– Бесплатен превоз за студенти секој четврток;
– И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.
Мета.мк на повеќе наврати пишуваше за барањата за бесплатен превоз на Универзитетските студентски собранија (УСС) и на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).
Сојузот на средношколци од МОН и Данела Арсовска побараа бесплатен јавен превоз во сите општини
Уште во ноември минатата година, Ева Цветковска, претседателката на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за Мета.мк рече дека е неразумно и апсурдно да се отворени дискотеките, додека студентите да немаат право на бесплатен превоз со воз под изговор на корона вирусот. Таа рече дека чекаат разврска на моменталната политичка драма во земјава за да ги одмерат идните чекори што ќе ги преземат.
Железничкиот транспорт за младите повторно да биде бесплатен, бараат студентските организации